25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

(болниот) процес на македонската денацификација. Да,

токму така, денацификација. И секој оној што мисли да ја

ослободува земјата, овој процес мора да го има на ум, затоа што

главниот проблем на диктатурата не е само пљачкосувањето,

осиромашувањето, рушењето на институциите, бесмислените

градби, туку инжинерингот преку кој општеството длабоко

се инфицира. Затоа, тој зафат на дезинфицирање мора

да се изведе. Опозицијата, ако нема намера да се зафати

со ова, нека биде подготвена многу брзо да си замине од

политичката сцена и тоа посрамотена.

Македонија во водите на независноста влета како

резултат на нужноста создадена од околностите на распаѓањето

на федералната држава, а вклучително и на распаѓањето на

социјалистичкиот модел во светски рамки. Нашиот модел

на социјализам, колку и да беше „поинаков“, сепак, новиот

амбиент создаден на територијата не само на бившата

држава туку и пошироко, налагаше, освен независноста, да

биде одбран и новиот модел на уредување, кој подразбираше

не само нормативно преуредување туку и редица потези,

особено во сферата на располагањето со ресурсите или,

поточно, во економскиот модел потпрен врз поинакви

постулати, во смисла на сопственоста и на управувањето.

А, тоа во почетокот на деведесеттите беше неолибералниот

модел, а динамиката на приближување до него наложи

тотална либерализација, неправедна доприватизација на она

што и во поранешната држава, како резултат на очајничките

обиди за „реформи“, беше започнато, а сето тоа покриено со

нов уставно-правен амбиент, но и со премало разбирање/

свест на институциите (луѓето во нив особено!) за тоа

што значат сите оние, дотогаш во голема мера апстрактни

категории, какви што се парламентаризам, мултипартизам,

светост на приватната сопственост, универзални права и

слободи, слобода на медиуми, итн., итн. Вклучително и тоа

дека новоиспилените политички елити (партии), како која,

се разбира, во нивната колективна свест имаа сосема нејасна

претстава за тоа што ќе се случува точно во иднина. Типична

„транзиција“, со сите нишани, со тоа што неолибералниот

Што да се прави

19

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!