25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

шашми, здружената опозицијата, со значајна поддршка на

граѓанскиот сектор, мора да се промовира како политички

фактор што му се спротивставува на популизмот на Груевски

и кој демонстрира знаење, капацитет и јасна политичка волја

за продуктивно политичко програмирање.

Ако сè уште веруваме дека перспективите на Македонија

битно зависат од темпото со кое напредуваме кон НАТО и кон

ЕУ – а јас верувам во тоа – тогаш нема сомнение дека првата

работа со која треба да се зафати човек што претендира да го

преземе кормилото е да ги реши прашањата од кои непосредно

зависи нашата евроатлантска перспектива. Можеби тоа

некому не му се чини доволно „конкретен проект“, нешто

што се јаде и се пие, нели, но искуствата на сите земји во

регионот (на оние што веќе се членки на НАТО и на ЕУ, но

и на претендентите, кои полека, но сигурно ја претркуваат

Македонија) покажуваат дека не е така. Обратно е. Статусот

носи пари и перспектива. Ако Македонија стане членка

на НАТО и ги почне преговорите за членство во ЕУ, тоа и

конкретно ќе значи финансиска поддршка, директни странски

инвестиции, отворени пазари. Тоа се многу конкретни нешта.

Затоа, упорно велам дека СДСМ мора да собере смелост,

без комплекси на македонската јавност да ѝ каже дека има

и волја, и капацитет да го реши спорот со Грција и, притоа,

да не ги загрози идентитетските одлики на македонската

нација (Груевски ги загрози, а ништо не реши). Ме чуди

зошто опозицијата похрабро не се изјасни дека споровите со

Албанците во Македонија, кои сега тлеат, може да ги реши, ако

работите се постават на принципиелни основи. Зарем СДСМ,

како лева партија со космополитска боја, која по дефиниција

е покапацитетна од десничарската ВМРО-ДПМНЕ, во чии

редови сè уште главен збор водат луѓе што во деведесеттите

години настапуваа од отворени шовинистички позиции кон

Албанците, треба за ова прашање да говори со комплекси и со

половина уста Не, напротив, СДСМ и здружената опозиција

кон Албанците можат да настапат искрено и отворено,

а нивниот политички проект ќе биде препознаен како

охрабрувачки за стабилноста и за иднината на Македонија.

118 Бранко Героски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!