25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

За да може да се осветли преплетувањето на уметноста

и на политичкото низ историјата, сè до сегашноста, треба да

се артикулира едно современо поимање на она што значи

револуција, имајќи на ум дека главната релација на уметноста

со политичкото се воспоставува преку револуционерните

парадигми. Но, токму затоа, врската меѓу уметноста и поли

тичкото би требало да се еманципира од големите револуционерни

нарации во историските референтни шеми,

пред сè од Француската и од Октомвриската револуција, кои

се надоврзуваат едновремено на многу конститутивни и

револуционерни практики од 19 и од 20 век.

Карл Маркс во 1871 година забележува дека „сите

револуции само ги усовршуваат државните машинерии,

наместо да ги отфрлат како смртоносна ноќна мора“.

Што значи ова Зар Маркс е против борба Против борбата

за правда, за солидарност, за заедница што ќе обезбеди

ненасилен концепт и контекст во една поширока смисла

Маркс, всушност, сака да направи разликување на она

што го носи со себе како политичка вредност револуцијата

и она што го носи како политичка вредност отпорот. Во

видното поле стигнуваат оние активистички линии што ја

поимаат револуцијата како незавршен, молекуларен процес,

кој не се доведува нужно во врска со државниот апаратус, туку

настанува пред државата и речиси надвор од неа.

Оттаму, акцентот се става не на револуцијата, туку

на побуната, на отпорот, кој не руши едно поле на моќ за

да воспостави ново поле на моќ, туку јасно се поставува

наспрема лажната стабилност што ја проектира моќта.

Отпор базиран врз идејата за која говори Јулија Кристева

во своето дело Револт, а тоа е идејата за привременоста

и за привидот на стабилноста. Уметникот, граѓанинот,

политичарот ќе мораат да прифатат – стабилност не постои.

„Стабилноста е привремена, конфликтите се вечни, ако ништо

друго, затоа што постои задоволство во конфликтноста“, вели

Кристева. Конфликтноста и нестабилноста на состојбите,

во овој контекст, никако не се сфатени како трепетен

деструктивен немир, туку како непрекинато создавање на

60 Искра Гешоска

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!