25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

единствено остварлива по пат на нивно рушење. Првиот чин

на ослободувањето е делегитимација на окупаторот, а тоа е

можно само со непризнавање на неговите институции.

Делегитимација на власта на ДПМНЕ

Сè додека партиско-полициската држава на ДПМНЕ ги

обединува извршната, законодавната, судската и локалната

власт во една хомогена субординирана структура, која ја

одржува општествената атмосфера на државна уцена, закана

и страв, во Македонија нема да биде можна демократијата

запишана во Уставот. Поточно, нема да биде можна ниту една

демократија, освен лажната, која ја „уживаме“. Демократијата

во Македонија ќе можеме во целост да ја обновиме дури

откако ќе изведеме сеопфатна делегитимација на неуставниот

и криминален режим. Тогаш институциите на партиската

држава ќе треба првин да се рушат, а потоа повторно

долгорочно да се градат, со јасна и остра идеолошка, културна

и правна осуда на злосторите на режимот и со цврста решеност

за системска, долготрајна и бескомпромисна дегруевизација

на Македонија.

Што е делегитимација на власта Делегитимација е

јавно одземање на легитимитетот на криминалната власт да

владее, при што на јавноста ѝ се обнародуваат сите аргументи

и докази дека таа (власта на ДПМНЕ) дошла на неуставен

начин на власт, дека се одржува на власт спротивно на Уставот

и на законите и дека ја практикува власта на неуставен и

на незаконски начин. Делегитимација на власта значи и

непризнавање на легалноста на институциите на власта и на

сите окупирани/партизирани институции на системот. Тоа

значи и непризнавање на законите, а, секако, и на уставните

промени што ги донесува нелегалниот парламент. Основните

аргументи на делегитимацијата имаат фундаментално

етичка и морална природа, зашто зад сите криминални акти

со кои власта на ДПМНЕ ги суспендираше демократијата и

граѓанските права и слободи стојат зли, нечесни, измамнички

и клептократски мотиви и цели. Процесот на делегитимација

Што да се прави

33

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!