25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

отколку на одговорноста за непречено функционирање на

демократските про цеси. Веќе има еден куп цврсти докази, со

кои се соочуваме секој ден, дека без демократијата принципот

на владеење на правото се трансформира во инструмент на

присила, репресија и диктатура. Почнувајќи од политички

селективните драконски казни на незаштитените граѓани

и компании, до партиското функционирање на судството

во сите инстанции, па до контролата на медиумите, за

конечно, на крајот, инсталирање парламент без опозиција.

Три демократски фундаменти во моментот се најзагрозени.

Тоа е парламентаризмот, судството и медиумите. Не сум

убеден дека во македонската јавност преовладува мислењето

дека без нивното ослободување и независност не е можно ни

слободно општество, ниту, пак, економски и културен развој

на државата.

И годинава со протоколарна здодевност и прилично

пригушено ја одбележвме 70-годишнината од оснивањето на

пр вото Антифашистичко собрание на Република Македонија.

Најголемата победа во историјата и овојпат ја потиснавме зад

поразот од 1903 година, кој, за жал, е редовна алиби практика

на сите транзициски влади. Власта отворено покажува дека не

ги сака многу јубилеите меѓу нејзиното доаѓање на престолот

и на Александар Македонски. Има неколку историски периоди

што последниве години селективно се меморираат во новото

колективно паметење на граѓаните, сè друго е изложено

на амнезија. Значи, златното време во потрага по пославно

минато е неколку века пред Христа, тоа е времето на Перикле,

на Филип Втори и на Александар Македонски, потоа се скокаат

едно 20 века и доаѓаме во периодот што го обележува крајот на

19 век и првите децении на 20 век, кога е уништен првиот цвет

на македонската интелигенција во идеолошките пресметки

на тајните македонски револуционерни организации по

кои сè уште нè паметат Европа и светот. И, на крајот, новото

пресметување на времето од 2006 година наваму со ерата на

груевизмот. Тоа е времето кога се обновува задоцнетиот кичбарок,

како политичка поддршка во потрагата по нов идентитет

и по пославно минато.

86 Ерол Ризаов

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!