sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Ќе запрам тука со набројувањето на клучните теми,

бидејќи целта на оваа анализа не е политичко програмирање,

туку разговор за методологијата на политичкото дејствување

на опозицијата. Сакам да кажам дека и за неа и за Македонија

ќе биде многу покорисно ако народот во опозициските

лидери види луѓе што имаат знаење и волја да се зафатат

со најкрупните прашања. Оптимист сум и верувам дека во

периодот што доаѓа ќе се покаже дека луѓето навистина сакаат

политичари што ветуваат, но уште повеќе сакаат политичари

што ги решаваат проблемите, наместо да ги туркаат под тепих.

Замислете, во првата година на мандатот на новата влада на

СДСМ Македонија да го реши спорот со Грција, да ги подобри

односите со Бугарија, да ги релаксира односите со Албанците,

да ги врати демократските практики, да стане членка на

НАТО, да ги почне преговорите со ЕУ, да почне да ги намалува

буџетските намети, да ги охрабри вистинските инвеститори,

домашни и странски... Што ќе рече народот тогаш Камо

ви го автопатот од Удово до Ново Село Зошто нема нови

споменици Зошто ви свенале палмите крај Вардар

Да заклучам. Пресвртот е можен само со радикално нов

пристап кон политичкото програмирање и со една сосема

поинаква „филозофија“ од онаа со која досега победуваше

Груевски. Наспроти политичката импотенција на режимот,

кој навистина покажа дека е способен да се самообновува со

помош на изборна корупција и со сериозна компромитација

на изборниот процес, но не и да произведува одржливи политики,

здружената опозиција мора да демонстрира потенцијал

за вистински и длабоки реформи и за решавање на

најтешките проблеми со кои се соочува Македонија. Само

така може да се урне митот за непобедивоста на Груевски.

Никако поинаку.

Што да се прави

119