sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Какви вредности треба да застапува

добриот политичар

Какви вредности треба да застапува добриот политичар

Пред сè, не смее да шири омраза и страв и не смее да ги брани

интересите исклучиво на тесни тајфи, сеедно дали станува

збор за неговото семејство, партија или за општествена група.

Добриот политичар подеднакво и принципиелно треба да се

грижи за интересите на сите граѓани во општеството. Доколку

личниот ќар носи општествена штета – моралниот политичар

го отфрла. Освен моралност и одговорност, за некој да биде во

состојба успешно да управува мора да има толерантност, мора

да биде ментално стабилен, да има широка култура, мора да

ги познава начините на кои функционира неговата држава, но

и светот пошироко. Со своето знаење политичарот треба да го

менува животот кон подобро, да ги унапредува меѓучовечките

односи и да решава конфликти. Треба да научи да ги слуша

разумните луѓе и јавноста, да ги почитува законите и одлуките

на демократските институции.

Злоупотребата на емоциите на народот за политички

цели и заради остварување себични цели е израз на најголема

можна управувачка неспособност, нецивилизираност и

неморалност.

Во спроведувањето на власта одговорниот политичар

не смее да ги злоупотребува медиумите, судството, војската

или полицијата. Одговорните политичари не смеат да се

служат со лажни ветувања за да ги придобијат масите и за да

стекнат популарност на сметка на општествената стабилност.

Злоупотребата на емоциите на народот за политички цели и

заради остварување себични цели е израз на најголема можна

управувачка неспособност, нецивилизираност и неморалност.

Сегашната македонска власт застапува целосно обратни

вредности од погореспоменатите. Груевистичкото разбирање

и практикување на политичката моќ преку лаги, манипулации,

насилство и злоупотреба на сите општествени лостови,

токму е во знакот на неспособноста, нецивилизираноста и

неморалноста.

80 Никола Гелевски