25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Второ, организацијата е тоталитарна, дури во една библиска

интонација: имај една организација и немој да имаш

други организации освен мене! Интенцијата е да се биде

единствен артикулатор на интересите на народот! Тесто што

ќе ја опфати комплетната македонска тава и ќе задуши сè под

себе.

Институциите се дебел кондом во љубовната врска со

народот и затоа се дупчат, се кинат, се деформираат! И државата

со својата минимална строгост го нарушува спонтанитетот на

кој инсистира организацијата. А, плуралитетот – тоа може

да постои само како декор и како тактичка и привремена

отстапка!

Третата карактеристика е насилноста. Насилност кон сè

што ги нарушува горните две клучни точки во дефиницијата

на организацијата. Насилство без пардон во сите форми и по

секоја цена!

Заклучокот е дека на една територија не можете да имате

и ВМРО, и држава, и нација, а ако се случи да се сретнат, некој

ќе мора да замине!

Мојата основна теза е дека ослободувањето од оваа

власт не може да биде партиски проект на ниту една партија,

туку општествен проект, и не може да се изведе како чисто

политичко дело, туку мора да почива на широк културен

замав и преиспитување.

Јас се залагам за радикална критика на македонското

саморазбирање, на македонската филозофија, во насока на

минимизирање на историските хендикепи и во насока на

вообличување во еден модерен субјект. Тотално спротивно од

ова што ни се случува. Таа критика мора да ги опфати сите

области: историјата, културата, политиката!

Една од клучните работи мора да биде отворање на

широка акција за темелна девмровизација по сите основи за

кои говорев!

СДСМ мора, крајно време е, да влезе во преиспитување

на сопствените одговорности за оваа калварија, оти тие се

огромни! Мораме да се ослободуваме од лажните вредности

што сме ги прогласувале за вредности само затоа што биле

40 Бранко Тричковски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!