25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Узурпаторот на демократијата, партискиот лидер на

ДПМНЕ – не е лидер во вистинската смисла на зборот, кој Лакан

и Жижек го нарекуваат „мајстор-означувач“ (master-signifier),

оној што ги дефинира работите со свој АКТ. Туку се претставува

како СЛУГА на есенцијалниот органски Македонец. Тој му

служи на органското единство на народот и него го штити од

внатрешните и од надворешните конспирации. Оттаму ја црпи

моќта со која ја укинува демократијата и плурализмот, ги гази

индивидуалните човекови права и ги укинува независните

институции на системот.

Всушност, тој го укинува политичкото, неговата

автентична антагонистичка плуралност на интересите, и го

заменува со една суперборба, метапротивречност, супервојна

на Македонецот против непријателите внатре и надвор (таа

лакрдија завршува, секако, на судир на Македонецот со себе).

Така настанува, всушност, милитаризација на политичкото,

во кое секое индивидуално право може да биде жртвувано

во секој момент на олтарот на татковината, за измисленото

органско единство и благосостојба на нацијата. Тотален

Господар и тотална политика можни се само во овој простор

на метаполитиката, со една единствена метаборба (тоа е онаа,

позната од литературата, „естетизација на политичкото“, која

ја прави фашизмот: воспоставување на нов органски поредок,

кој ја укинува модерната индивидуалност).

Последица е тоа што нашето граѓанство е УКИНАТО

– забрането, и ние сме сведени на хомосакери (Г.Агамбен)

во состојба на водење гол живот (bare life). Ние сме луѓе

што се лишени од нивните граѓански права и принудени на

живот што не е, всушност, човечки, но само изгледа дека е.

Ние сме само хумус за нацијата, која е, пак, неисцрпен извор

на неограничена моќ на Партијата (всушност, се сведува

на лидерот). Таа ни воспоставува шмитовска сувереност –

постојана политичка криза и постојана вонредна состојба.

Дефиниција на вонредната состојба што ја утврдува

суверенот е во тоа што – правото е укинато и сведено на

АДМИНИСТРИРАЊЕ со хаосот, простор настанат со неговото

исчезнување. Во авторитарниот популизам нема право

Што да се прави

9

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!