25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

расплинато, нефокусирано, разлеано, аморфно, конфузно.

Ќе имаме ли храброст и одважност да создадеме основа за

радикална конфронтација и јасно структурирано поставување

во однос на контекстот, кој нужно бара радикалност,

инсистира на систематизирана политичка култура, која ќе има

своја поетика (како што нè учеше Жак Рансиер), и која ќе биде

доведена до некои уметнички, ете, нека бидат брехтијански

димензии.

Време е за конфронтација, а не за преговори. Перманентна

конфронтација што ќе дестабилизира за да

предизвика стабилизација. Бидејќи конфронтацијата, секако,

е облик на преговарање.

Да не се лажеме, ние живееме под опсада, во фингирана

реалност. Во таквиот пејзаж софистицираните преговори,

договори, разговори, т.н. соработки се само еден бесконечен

процес од кафкијански размери. Затоа се залагам за силна,

жестока конфронтација, тактички добро осмислена, која прво

јасно ќе нè постави наспрема, а потоа ќе го отвори патот за

нашите фокуси и потреби. Не е време за меки отстапувања

во име на добивање трошки. Време е за офанзивно заземање

на политичкиот и на социокултурниот простор. Нашите

досегашни културни практики треба да се претворат во нешто

што ќе има значење за пошироката општествена битка и треба

да водат кон прекин на секаква комуникација со „оние што го

создаваат пустошот, со цел создавање на државата одново“,

како што заговараше Роберто Беличанец.

Носиме премногу ад хок одлуки во дејствувањето и

како муви без глави се обидуваме да го следиме ритамот

што тиранинот ни го поставува. Ни претстои мудро

реформулирање на она што значи заедница што ќе биде

подготвена да ги ревоспостави украдените референтни

вредности, да најде една тема, една цел што ќе биде

поголема од мноштвото бедни и банални теми кои го

креираат уште побаналното злосторство во кое живееме.

58 Искра Гешоска

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!