25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Денес, под тиранијата на груевизмот, засилено и сè

побес крупулозно трае политичкиот и културниот ревизи

о низам и агресивниот културен инженеринг, кој води

кон радикална промена на македонскиот идентитет и кон

поништување на асномска Македонија. Антиквизацијата

што ја спроведува режимот е дело на најрадикалните националистички

структури. Дел од нив се од дијаспората и се

сосема отсечени од реалноста на нашето општество; тие луѓе

живеат во митови и фантазии и се хранат со борбата со Грците

околу античкото наследство, која за нас е самоуништувачката.

Најрадикалниот дел од таа дијаспора (кој може да се спореди

со српските четници и хрватските усташи) денес има своја

продолжена рака во владата во Скопје. Со Македонија владее

еден радикален дијаспорски национализам, чија суштина е

симболичката борба со Грција и сонот за голема Македонија.

И двете цели се апсолутно губитнички и ја водат Македонија

во амбис.

Културата е политика!

Денешните општествени судири и политички борби веќе

не познаваат некаков носечки антагонизам на кој можат да се

сведат сите други општествени судири. Дури и самиот терен

на политичката борба стана неодреден. Веќе никој просторот

на политичкото не може да го одвои од сферата на културата

(која порано ја сметавме за автономна), ниту обете сфери

можат да се држат на дистанција од сферата на економијата.

Една радикална слика за промените во релациите меѓу

културата, политиката и економијата дава Славој Жижек

кога тврди дека популарната култура е политиката за 21 век.

Оваа теза наоѓа упориште во процесот што често се опишува

како културализација на политиката, каде што политичката

интервенција се преместува кон уметноста, разновидните

социјални движења (феминизам, екологија, итн.), додека

јавната сфера се мери низ аршините на културата.

76 Никола Гелевски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!