25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

спречувањето на судската постапка по тужба на опозицијата

дека премиерот е лично замешан во голем коруптивен скандал

при продажбата на Македонска банка. Кога сите граѓани

во Македонија кога се тужени би имале ист третман како

премиерот Груевски во случајот со Македонска банка, веројатно

обвинителот Зврлевски би можел да смета на поголема доверба

во јавноста. Но, со арогантното игнорирање на судот и со

отфрлањето на сите обвинувања како неосновани, незаконски

и застарен, и јавниот обвинител ја отслика правната држава и

владењето на правото на најкарикатурален начин.

Неколку дена пред пресудата на судот на новинарот

Томислав Кежаровски, јавниот обвинител Зврлевски ја

соопшти висината на затворската казна во дневниот весник

Вест. Човекот спокојно од позиција на јавен обвинител рече

дека Кежаровски треба да биде осуден на најмалку четири

години. Ваквото настапување на јавен обвинител во која било

земја на Европската Унија би било скандал без преседан, но

кај нас помина глуво и во стручната, и во пошироката јавност.

Делото на Кежаровски не застарува, бидејќи пред пет години

напишал дека следи монтиран судски процес со обработен

заштитен сведок. Неговиот грев, според многу индиции, се крие

на друго место, бидејќи по загинувањето на новинарот Никола

Младенов открил докази на местото на несреќата што се многу

непријатни за лошата истрага на полицијата и на судот.

И, конечно, слободата на медиумите. Во Македонија

и официјално за владата и за премиерот единица мерка за

слободни медиуми стана популистичката примитивна оцена

на неколку аплогетски новинарски шарлатани и измамници,

која гласи: Па, што им фали на тие што пишуваат критички за

власта. Слободни се, не се во затвор. Според нив, затворањето

на десетина-петнаесет луѓе што јавно ги соопштуваат своите

ставови би било доказ дека во Македонија нема демократија.

Истите тие луѓе што наутро ја експлоатираат оваа доктрина,

попладне повикуваат на јавен линч и ја прозиваат власта да

преземе остри мерки во одбрана на државните интереси од

предавниците и непријателите на татковината.

Што да се прави

89

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!