sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
премин има уште една функција од граѓанската, невладина

култура, која политичкиот отпор треба да ја искористи. Тоа е

знаењето и капацитетите на секторот да планира стратегиски.

Во услови на лимитирани финансиски средства, на лимитиран

човечки потенцијал, на ограничувања од најразличен тип,

треба да се применат методите на здравиот стратегиски

менаџмент, кои треба најефективно и најефикасно да нѐ

доведе до саканата цел.

Затоа сметам дека треба да постои еден стратегиски

план. Внатре можат да постои уште некое сценарио и уште

неколку комплементарни стратегии, но дијагнозата на

противникот, големата визија и големата цел, начините како

да се стигне дотаму, мора да се едни и единствени, дури и

во постструктуралистичкиот интелектуален амбиент. Во таа

смисла, моите понатамошни размисли ќе бидат насочени кон

скицирање на таков стратегиски план.

Во однос на дијагнозата на актуелната ситуација, би рекол

дека во Македонија владее постмодерна аеробна автократија.

Суспендирана е демократијата, авторитарниот режим е

заокружен. Идеологијата е постмодерна. Нема вкоренетост и

строг концепт во она што го сочинува авторитарниот апсолут.

Но, без оглед на менливоста, она што е „авторитарна убавица

на денот“, тоа се брани и се препорачува со авторитарна

догматичност. Кога велам аеробна, пред себе ја имам сликата

на чоколадите со воздушни меурчиња. Односно, диктатурата

дозволува во општеството да се јавуваат мали воздушни

меурчиња на отпор. Онаму каде што ќе се процени дека

демократскиот отпор нема да создаде сериозна штета, тој се

дозволува. Тие создаваат ефект на крцкавост и задоволство

од реализираноста, макар и делумна, на отпорашите. Во таа

смисла, во земјата, прво, постои опозиција, потоа, постојат

критички медиуми, и многу интелектуалци не се затвораат

за своите ставови, иако извесни шиканирања и колатерална

штета им се сочинува. Токму поради таа аеробност на

режимот сметам дека една постмодерна стратегија на

отпор, која епистемиолошки ја милувам, на цветањето на

илјада протестни цветови, на постоењето на илјадници

46 Роберт Алаѓозовски