25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

1.1. За тешкотиите на претставувањето

Стварноста, која треба да се дофати и прифати како

единствена достапна суровина на мислењето и дејствувањето,

претставува, едновремено, и средство и цел. Од достапноста

на начините и можностите за нејзино уверливо претставување

зависи и самото определување кон содржините и формите

на јавниот интерес, односно кон пројавите на практичнополитичкото.

Меѓутоа, таа стварност е несогледлива за

единката што е истоштена од дневната задачата да ги

опредмети структурно неопходните фикции на животот:

среќа, пари, имот, власт, правда, народ, достоинство, битие...

слобода. Притоа, изгледа дека стварноста се повлекува и пред

обидите за нејзина тотализација како нешто несомерливо со

амбициите на просветителската замисла за универзалното,

јавно и слободно знаење и творештво. Всушност, самиот обид

за научен и уметнички увид во јадрото на историскиот систем

на човековото секојдневје се наоѓа во завршната фаза од

процесот на делегитимација и деконструкција – процес што е

заснован и насочуван од идеолошки маневри затскриени под

наметката на културата.

2. За овдешноста

Мислењето на македонскиот современ општественополитички

миг го носи белегот токму на таквата осуетеност.

Имено, од поројот на експертизи, новински колумни,

научноистражувачки проекти и политиколошки анализи, кои

во изминативе децении го имаат преплавено македонскиот

јавен простор, се гледа дека домашните состојби се толкуваат

како локална аномалија на еден, инаку успешен, крајно

делотворен економски модел и на неговите соодветни

социополитички односи.

Тие разбирања ја покажуваат својата недоветност

на неколку рамништа: пред сè, тука е неснаодливоста

при разликувањето на настаните и опитот од цикличната

историчност во светогледот на единката (локално!) од оние

94 Бојан Иванов

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!