25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Слаба утеха е што чувството на апатија и на резигнација

има глобални димензии. Она што обесхрабрува е дека

проблемот сме ние; но, и она што охрабрува е – решението

сме ние. Ние и како учесници во локалниот живот на една

квазидржава, но и ние како учесници во глобалните процеси

каде што се случува истото: превреднување на старите

политички модели и создавањето поинакви географски и

политички парадигми.

Луѓето се моќ без да ја имаат. А дури и „моќните“, чии

одлуки влијаат врз стотици илјади луѓе, се неспособни да го

променат инертниот тек, сè додека секој од нас продолжува да

работи онака како што работи сега.

Затоа Хана Арент беше во право кога инсистираше

дека она што ни е потребно е политизација, придвижување

на оние што сега се потчинети, повлечени, или немаат

одговорност, според нивните сопствени можности, потреби

и одговорности. Политизацијата овде не го подразбира ниту

растечкото управувачко навлегување во приватните животи

на луѓето, ниту должната потчинетост спрема официјалните

авторитети, туку, напротив, таа подразбира одговорно и

делотворно учествување во самовладата (себевладеењето),

која им се обраќа на стварните проблеми и потреби.

Задачата пред нас, и како граѓани на Република

Македонија и како граѓани на светот, е повторно да се

воспоставиме себеси: да ги реорганизираме институциите, да

го преобликуваме карактерот, да ја предизвикаме борбата на

идеи. Тоа можеби не е лесно, но никогаш не треба да стане

невозможно.

Таму каде што некој ќе направи чекор напред, другите

можат да го следат. Таму каде што некој ја зборува вистината,

другите тоа можат да го препознаат и да соберат храброст

да го направат истото. Единственото место од кое можеме

да почнеме е токму она на кое се наоѓаме, а постојат илјада

начини да се почне, како што вели Хана Арент, „речиси сегде

и секогаш“, бидејќи дејствувањето е „единствената активност

што нè сочинува“, што го сочинува нашиот заеднички јавен

свет.

Што да се прави

79

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!