sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
елити и како тоа веќе е разработено во рецептурата за

„транзитирање“. Во остатокот на комунистичкиот блок на

дело се или еклатантни диктатури, како во Белорусија, или,

пак, (привидни) демократии, та дури и членки, или, пак,

сериозни аспиранти за/на „западните алијанси“. Затоа си

имаме Лукашенка, Орбани, но и Груевци!

Тука лежи, приближно, само еден дел од одговорите

за тоа како можеше да ни се случи и ние да сме „во тренд“

и да си имаме, безмалку, оригинален модел на тоталитарно

општество, со сите нишани. Во (бело)светските надитрувања,

делења и цртања карти, клоцања под маса, Македонија

(сиракот од разно-разни Букурешти, Версаи, како што

милуваат да ја нарекуваат патетичните кафеански мудреци)

одлично „не се снајде“, како прво, а, како второ, ниту, пак,

креаторите на „новиот еднополарен свет“ не мислеа дека некој

што не може да произведе ниту една сериозна внатрешна

војна е нешто со кое ќе треба да се занимаваат посуштински.

Освен, нели, воспоставувањето структура што ќе може да го

контролира подрачјето до ниво на елементарна проодност за

„стоки, луѓе и услуги“ и толку. А, внатре Внатре нека си се

препелкаат толку и така колку што ќе им „сече умот“. Што ќе

си произведат како Власт, соодветна и доволно квалитетна

за исполнување на обврски кон надвор, тоа и ќе си добијат.

Слободниот свет во таа смисла не се занимава со квалитетот на

нашите животи, бидејќи ние не сме нивни гласачи и најдалеку

што можеме да стасаме се нивните предградија од каде што

ќе ги сервисираме нивните градови. Грешка, кусогледост,

сеедно, бидејќи, ако денес во терористичките ефективи само

на Блискиот и Средниот Исток активно се борат повеќе од

2000 поранешни очајници, а денес „терористи“, утре нивниот

број може да биде поголем, но, сепак, совладлив, соодветно

на претераната самоувереност на моќните. А, всушност,

Слободниот свет дури денес еклатантно дознава дека

„тероризмот е само појавна форма на очајот“, а производството

на очајници е токму специјалност на режимите што, до пред

некој ден, „испорачуваа – инстант“! Како нашиот, на пример...

(прилогот е дел од поголем текст)

Што да се прави

21