25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

формално независна. Свеста за тоа кои сме не може да се одвои

од свеста за тоа кои и какви бевме во кратката временска

отсечка од дваесетина години. Вклучително и каде сме биле и

на каде одиме.

Најнапред, само како констатација, јасно е дека земјата,

а и ние, нејзините граѓани, веќе не сме само заталкани на

некој погрешен пат на чиј крај, сепак, има излез, туку тој излез,

во нашиов случај, е само бездна, или некаков „Криволак“,

раширен на сите дваесет и пет илјади квадратни километри.

Притоа, најпогрешно ќе биде ако ги послушаме оние што ќе

нè советуваат „да го баталиме минатото и да гледаме напред“,

затоа што станува збор или за неуки полуинтелигенти, или,

пак, за провинциски итромани, кои мислат дека матните

ситуации за нив се идеална средина и дека што и да се

случува, Тие ќе се „снајдат“. Едноставно, не станува збор, во

историјата, а и во совремието позната, за состојба во која

државите упаѓаат поради вакви-онакви причини и, соодветно,

политичките елити, институциите насетуваат, осознаваат

дека „нешто не е во ред“, па со помош на корективните

механизми на демократијата („...демократијата е моќна да се

справи со сите скршнувања на политичките елити...“, велеше

еден странски дипломат стациониран во Скопје, токму во

моментот кога во Собранието еден пратеник беше фатил за

гуша една пратеничка!) исправаат, поправаат.

Овдека, еве еден од нужните одговори: станува збор

за спрега во чиј концепт на владеење иднината е смислена

како вечно владеење („со раце, со нозе“), бидејќи ќе срушат

сè и ќе воспостават „ново“ (историја, образование, култура,

институции, вредности, „народ“), кое ќе им гарантира вечно

седење на власт со помош на „нивниот модел на демократија“.

А, ако „не успее планот “, сосема се безгрижни, бидејќи, барем

таква е рецептурата на сите диктатури, сите излезни патишта

(бегство, и тоа привремено) им се обезбедени, а и враќањето!

Дали поради милијардите, дали поради познавањето на идното

милје со кое би се тргувало, сеедно, полусветот размислува

така и тоа не треба да се губи од вид при конципирањето

на идните патишта на ослободувањето и отворањето на

18 Ѓунер Исмаил

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!