25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

второ, затоа што потрагата по нов политички дискурс на

масовна мобилизација во образованието и во културатата,

како традиционални бастиони на општествената и на

индивидуалната слобода, претполага овие простори на

самосвојноста сè уште да не се контаминирани од лошата

стварност на упорното секојдневје и на напорната судбина.

3.1. За окупацијата и колонизацијата

Последната реченица налага дополнителни појаснувања,

особено поради тоа што во неа неодложно се поставува и

прашањето на некаква политичка акција – што да се прави

Барем за почеток, би требало храбро да се исчекори од

улогата на „лојална опозиција“ и од практиките на безволно

соучесништво; а, потоа, ќе треба и јасно да се согледаат

состојбите од непосреден интерес: имено, дека просторите

на образованието и на културата се веќе зафатени од

доминантниот идеолошки дискурс и тоа во обратно поставена,

длабоко иновативна структура на темпорализација на вечната

сегашност.

Накусо, денес преку културата се колонизира минатото,

а преку образованието – иднината.

3.2. За просторите на насилството

Симптомите на темпорализација во македонскиот

тековен општествено-политички амбиент се најуочливи во

остварувањето на ресорните интереси за ликовното творење

и знаење, односно за уметноста и за нејзината историја. Но,

тука треба веднаш да се истакне дека видливо е само тоа

што му се нуди на погледот. Политичката дебата е вешто

пренасочена (исклучиво!) кон живото творештво и кон

јавната критичка реч, разбрани како симптоми на акутните

состојби, коишто навидум ги предизвикуваат отуѓената

политичката моќ и голото институционално насилство.

Вистинското, пак, хронично жариште на акутната болката

е уште повешто затскриено под систематичната, длабока

96 Бојан Иванов

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!