25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Веќе е познат во јавноста еден од најбизарните случаи во

македонското новинарство и судство. По петгодишен судски

процес, кои го иницираа 15 новинари и јавни личности, затоа

што без ниту еден доказ беа жигосани во весникот „Вечер“

дека се грчки платеници, падна пресуда невидена и неучена

во судската практика. Главниот уредник, кој го објави текстот

без потпис, по неколку одложувања на судењето го посочи

директорот на издавачката куќа дека е тој автор на текстот

во кој се наклеветени новинарите. Директорот потврди

пред судот дека е тој автор на текстот. По отворањето ново

обвинување против директорот и по пет години судење, на

кое се изредија тројца судии, директорот, сега како обвинет,

изјави дека тој не е автор, туку новинарка што веќе не е во

работен однос во „Вечер“. И, конечно падна пресудата што,

народски кажано, гласи вака: Клевета има, навреда има, текст

има, весник има, главен и одговорен уредник има, директор

има.... Нема автор. Штом нема автор, нема ни пресуда. Ете

така цели пет години овие луѓе изложени на столбот на срамот

се третираат како предавници, непријатели на татковината и

странски платеници. Тие немаат тешки душевни болки како

македонските високи функционери, кои судот ги ублажува

со казни во десетици илјади евра, или, мерено во новинарски

плати, за да плати една душевна болка на премиер или на

министер, еден новинар треба да работи од три до пет години.

Во оваа пригода нема потреба да зборувам за коруптивните и

за селективните донации на власта кон своите медиуми. Само

ќе кажам дека за таа намена владата троши околу 50 милиони

евра пари на граѓаните. Тоа и не е толку скапо за да се направи

лажна слика дека тече мед и млеко во државата од сите страни.

Ова е само дел од големата слика на последиците од

апсолутната власт на Никола Груевски. Дали во вакви услови

може да се врати слободата Да, со напомена дека по мирен

еволутивен пат за тоа треба децении.... Толкави се штетите од

режимското владеење.

90 Ерол Ризаов

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!