25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

И низ еден друг, демократски ракурс, важна е забелешката

на Жижек. Се чини дека и низ културата новите

граѓански иницијативи треба да ја враќаат политиката кон

демократијата. Оти, политиката и демократијата се синоними.

Деполитизацијата е основната цел на антидемократската

политика, некогаш и денес. Деполитизацијата, т.е. безусловното

барање „работите да се вратат во нормала“, при што

секоја индивидуа си ја работи својата работа, ги умртвува

човечките енергии и ги намалува слободата и учеството. Ако

почнеме политиката одново да ја разбираме како демократија,

поголема е можноста ненадејната провала (избликот) на политиката

да го поткопа она што Рансиер го нарекува полициски

(или „редарствен“) поредок, установениот општествен

поредок во кој секој дел е вклучен на начин соодветен за него.

Наш впечаток е дека културата може да го помогне, да го

засили избликот на демократската политика. Според нас тоа е

една од нејзините најважни општествени функции.

Борба за автономија

на сопственото сеќавање

Со сеопфатното бришење на искуството на комунизмот

од нашата лична и колективна меморија, низ еден

пропишувачки процес на историска амнезија, од историското

искуство на нацијата, всушност, се брише и вистината што тој

комунизам општествено го предизвикало. Со тоа се брише

и општествената вистина на комплексната и противречна

национална историја. Таа историска амнезија има сосема

актуелни последици. Не само што нацијата сега е неспособна

на своето комунистичко минато да му даде општествена

смисла, да го објасни како идеолошки и политички производ

на конкретни општествени судири, туку сега ни општествената

вистина на актуелната стварност за неа нема никаква смисла.

Меѓу другото, за да добиеме право да ја креираме

сопствената сегашност ние одново ќе треба да се бориме

за автономија на сопственото сеќавање. Одново ќе треба

да го промислуваме сопственото социјалистичко искуство

Што да се прави

77

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!