25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

(партиска) вина, на безимени виновници Или веќе немаме

сили дури ни тоа да го направиме, да посочиме на сите оние

креатури од најразличен тип и нивните – и не само нивните

– отворени злосторства против македонската култура Сите

оние „министри“ и „министерки“ за култура, сите оние

„советници“ и „советнички“, „пратеници“ и „пратенички“...

што буквално ги преспиваа мандатите, па покрај нивниот

зимски сон поминуваше сè и сешто во името на македонската

култура Затоа сме ние на дното, апсолутно и дефинитивно.

Каде и да одиме подолу, ако воопшто има подолу, ќе биде

приближно исто. Зашто – веќе отрпнавме. Не реагираме на

ништо. Сè ни е рамно во рамнодушноста! И бесмисленоста!

Или, ако баш сакате, кој ни е денес виновен што веќе

петнаесетина години го имаме најступидниот на свет закон

во културата Некој друг ли ни го донесе, или самата култура

го фалеше и го креваше не една, туку две раце за таков

„закон“! И плачеа дека е подобро некаков отколку никаков

закон. И кој денес ни е виновен што имавме онаква смешна,

типично болшевичка Национална програма за културата

2004–2008 година, од која посмешна е само сегашната

Национална стратегија за развој на културата 2013–2017

година И во која друга земја, освен нашава, државниот

орган надлежен за културата со години по ред не поднесува

јавен извештај, а годишна програма му е – програмата на

институциите Бесмислено „до зла бога“! И кој ни е виновен

што културата, на чело со своите „елитни“ директори, низ

улици и со таламбаси ни протестира против опозицијата

Или што по партиски директиви прогласуваме национални

уметници, што го „булаиќевизиравме“ филмот, а од лавоносци

направивме државни глувци, што ја „рембрантивизиравме“

уметноста, а уметниците ги престоривме занаетчии, што

секоја шуша станува „објавуван“ писател, а вистинските

писатели стануваат политички приврзоци, што од глумиците

правиме „градоначалнички“ и „пратенички“, што од уличари и

полуписмени пискарала направивме „културни“ новинари...

Кој ни е крив што македонската култура, по дефиниција,

во странство е претставувана по секакви периферии и

104 Златко Теодосиевски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!