25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

закономерности на еднонасочната општествено-економска,

политичка и културна родова историја (глобално!); натаму,

следува невешто сроченото барање за реставрација на

„нормалноста“, за враќање назад кон (по)едноставните

односи и облици на производство и размена во општеството;

конечно, сè се довршува во несвесното прифаќање на

честопати молкум искажаната согласност дека не може да

се замисли локално одзглобување, територијална сецесија

од детериторијализираниот светски економски, правнополитички,

технолошки, комуникациски и вредносен систем.

2.1. За овдешното пресметување на времето

Следствено, би се рекло дека единствената терапија

за закрепнување на заболениот македонски општествен

организам, која ја пропишуваат домашните врачеви, се состои

во некаква темпорална сецесија, поточно, во нерешителното,

млако одречување на сегашноста, во црпењето поуки од

знаењето за просветителското минато (образование!) и во

планирањето дејства насочени кон пристојната граѓанска

иднина (култура!). Понудена во разни варијанти на вкусови и

ароми, ваквата препорака за реконструкција на општествената

смисла, на значењето на единката и на историската

целисходност, ја лоцира слепата точка во тековниот израз на

некогашната носечка либерална реторика.

3. За рекурзивните историски равенки

Оваа штура мисла на запуштеното либерално класно

знаење-идеологија, нема повеќе сили за проценка на

историските претпоставки и разрешување на практичнополитичките

исходишта на сопствените барања за „повторно“

освојување на слободата од македонските зандани на

глобалната стварност. Прво, бидејќи враќањето кон состојбите

на слободата претполага обнова на еден комплекс историски

нужности од кои, впрочем, (секогаш, нужно и повторно)

произлегува и дијалектиката на актуелните противречности;

Што да се прави

95

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!