25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

имаат на ум и кај нас за да не отвораме отворени врати!

Имено, стратегиските политики што се карактеризираат со

тенденција ДА СЕ МЕНУВА постојното во правец на реформи

се посоответни (а, не антагонистички) на партиските актери

во политиката (дури и да им се јасни револуционерните

потреби од деконструирање на целиот систем, како кај нас).

Но, тие треба да се ВМРЕЖАТ со порадикалните политики

на менување ОД ТЕМЕЛ на позицијата на граѓанската

субјективност во политичкиот систем и политиката како и со

развој на алтернативни самоизолирачки радикални практики

на алтернативните живеења. Конечната цел, секако, е

деконструкција на авторитарниот популизам, кој е пречка на

таквата перспектива на освојување на слободата .

Позицијата на левицата како универзална е единствено

можна со прифаќање на радикално антагонистичкиот

карактер на политичкото (дефинитивно откажување од

нарациите за метаборбата и метаполитиката) . Прифаќање на

нужноста од заземање страна, позиција – за која ќе се бори,

тоа е единствениот начин да се биде вистински УНИВЕРЗАЛЕН.

Бидејќи се судираме со етнонационалистичка органскост

на лидерството – се судираме со неговата „реторика на

нацијата и грижата – нејзината одбраната“. Тоа нè става во

позиција да ни се чини дека секој напад врз него е напад врз

сопствената најсуштествена националност.

Што ја зголемува нервозата и обвинувањата за

„предавствата“, како постојани хоризонти на либералните

позиции и на левицата! Тоа е цена на судирот со овој режим,

имено, не треба да се повлечеме пред таа непријатност. Треба

да ги урнеме КУЛИСИТЕ на таа узурпаторска нарација без

страв и чувство на вина!

Од аспект на т.н. „стратегиска политика“ веројатно

демонтажата на ваквиот систем реално, институционално

треба да почне со преторијанско инсталирање на нов начин

на создавање ВЛАДИ во Македонија (според ликот на онаа

во Швајцарија, како пригодно). Имено, секогаш Голема

коалиција – како правило, дефинирано во детали со закон – ќе

14 Љубомир Д. Фрчкоски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!