25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

една веќе стабилна и одамна инсталирана „нормалност“. Во

таа „нормалност“ сите општествени вредносни селективни

матрици се изопачени, т.е. ги фаворизираат криминалот,

корупцијата, некомпетентноста, биготизмот, партизацијата,

клиентелизмот, корпоративизмот, етноцентризмот, расизмот,

шовинизмот, сексизмот и, практично, сите други негативни

цивилизациски опачини.

Што претставува „Скопје 2014“

Во создавањето идејни основи за да се порази злото на

груевистичкиот режим, особено место има разбирањето на

проблемот на таканаречениот владин проект „Скопје 2014“.

Важно е да се сфати широчината и длабочината на неговите

последици, зашто тој не ја оштетува само нашата физичка

стварност туку ги суспендира и уставноста и правната држава,

ги урива вредносните системи во културата, ја кривоколчи

националната историја и ги поместува темелните камења

на нашиот национален идентитет. Тој проект треба да се

разгледува како политички манифест со кој партијата на

власт го суспендира досегашниот развој и го воспоставува

самовластието на автократот што ги донесува сите политички,

но и урбанистички, архитектонски и споменички одлуки.

За да го спроведе незаконскиот проект во слава на својата

тоталитарна власт, Груевски ги наведе на криминал Владата,

Градот Скопје, Општината Центар, државните инспекторати,

јавното обвинителство, практично сите извршни органи на

централната и на локалната власт, потоа Собранието на РМ,

судската власт и, на крајот, Уставниот суд. Сите институции

на системот се самопоништија од аспект на нивната уставна

улога учествувајќи во реализацијата на „Скопје 2014“, било

тоа да е со активно кршење на законите и на Уставот, било да

е тоа со нечинење и молк.

Ова самовластие се изведува како вид културнополитички

инженеринг, кој сака да ги промени идентитетот

на нацијата и нејзината историја, воспоставувајќи неуставна

власт, која го држи во потчинетост некогаш слободното

24 Мирослав Грчев

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!