25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

бараат нови столчиња во јавната администрација. Да се биде

чиновник денес е најпосакуваната професија во Македонија

– не е многу тешка, безбедна е и солидно е платена. Па, така,

тој што сега во својата програма ќе предвиди кастрење на

чиновништвото, подобро воопшто нека не се појавува на

избори. Ете, дотаму сме дотуркале...

Што ќе покаже истражувањето на политичкиот пазар,

што ќе откријат оние пет илјади тимови на СДСМ, кои треба да

разговараат со народот и да ги слушнат неговите желби Долго

време мислевме дека најголемата мака на народот е стравот и

дека неговата клучна потреба е да се ослободи од него. Тоа

беше една од главните пораки на кампањата на СДСМ на

изборите во 2011 година (најуспешните во овие осум години

изборни порази). Стравот и потребата за ослободување од

него несомнено постојат. Како дел од групата иницијатори на

Граѓани за европска Македонија (ГЕМ) во тоа можев и лично

да се уверам на многубројните трибини што ги одржавме низ

земјава. Но, мислам дека денес постои еден поголем проблем

од стравот – микротаргетирањето, притисоците, од една

страна, но и ветувањата и „остварувањето на ветеното“, од

друга страна, си ја постигнаа целта. Јас сум речиси убеден дека

„крстариците“ на СДСМ ќе дојдат до фрапантниот заклучок

дека народот од опозицијата денес го бара истото што го

добива од Груевски, само побрзо и повеќе. Ако Груевски вети

10.000 вработувања во администрација за своите партиски

војници, верувам дека од Заев ќе се бараат 20.000. Ако

Груевски вети еден автопат, народот ќе бара Заев да вети три.

Ако пензионерите се возат бесплатно три дена во неделата,

побарувачката дефинитивно е тоа да биде секој ден.

Така доаѓаме до една многу крупна дилема. Пресудна.

Иако сум сигурен дека е невозможно на тој начин да се победи

Груевски, еве, да замислиме дека може, дека опозицијата ќе

ги исполни „барањата на народот“, ќе вети сè што треба да се

вети и ќе победи на изборите. Што потоа Ќе го оствари ли

новата власт ветеното Ако го оствари, што ќе значи тоа за

Македонија Колкав ќе биде тогаш државниот буџет Колкави

ќе бидат непродуктивните трошоци Уште колку ќе мора да

Што да се прави

115

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!