sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
МИСТЕРИЈАТА НА ОТПОРОТ

Се занимавме со темата „отпор“ веќе подолго време.

Би сакала да дадам една малку поинаква перспектива на

оваа тема. Според Мишел Фуко отпор има онаму каде

што има моќ. А, сепак, токму заради ова, отпорот не лежи

никогаш надвор од моќта. Фуко, анализирајќи ги односите

на моќ, ни вели дека отпорот не е само последично дејство

и негација на форматот на моќта, а со тоа секогаш на некој

начин пасивна позиција што е подредена на една доминантна

страна. Хетерогеното разбирање на отпорот е одговор на

веќе неединствената претстава за моќта како вкупност на

институции што го организираат и што го дисциплинираат

граѓанското општество и против кои треба да се бориме, туку

како мноштвеност односи на сили што организираат една

иста територија. Нашата територија на отпор е истата онаа

што ѝ припаѓа и на моќта. Затоа треба да бидеме внимателни.

Нашата потреба да се поставиме наспрема, артикулирајќи

ги елементите и алатките на отпорот, е многу комплексна –

таа, едновремено, ја верификува негативната сфера на моќта,

но, воедно, е на пат да конституира и нова моќ. Затоа често

постои неспособност да се пречекори линијата, да се премине

на другата страна, да се навлезе во сферата на утопискоеманципаторскиот

концепт за отпор и протест. Стравот од тоа

каква моќ треба да се ревоспостави е блокирачки и голем.

Отпорот не смее да се третира во неговото површно

значење на зборот, едноставно како противпозиција,

опозиција. Тој мора да претставува не само реактивна туку

и проактивна парадигма.

Еден од најинтересните формати на отпорот, како

тактичка стратегија, е оној за кој говори Антонио Негри, а

тоа е ефективноста на ширењето на празнината. Мораме

да ја шириме структурната политичка празнина, радикално

да одрекуваме, да се опираме да дадеме легитимитет на

постојните содржински политички симулакруми, кои ги

создава тиранинот, за да создадеме нов простор за редефинирана

политичка содржина. Мораме да покажеме и да

62 Искра Гешоска