sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
и од него, меѓу другото, да црпиме нови еманципаторски и

ослободувачки енергии. Притоа, не велиме дека треба да ја

реставрираме Југославија како политичка заедница, туку да

ја промислуваме како заштита на личното и на колективното

сеќавање, како борба за повторно враќање на автономијата

и на достоинството, но и како идејна алтернатива за овој сѐ

побезнадежен свет.

Македонскиот модернизам е највисоката точка во

развојот на националната, т.е. на културно-политичката

свест на Македонецот во 20 век. Речиси сите овдешни

институции се изградени, и буквално и симболички, во духот

на модернизмот. Да ги отстраниш клучните симболи на

македонското себеразбирање и градење значи да ампутираш

мозок или ‘рбет од организам СО СКЕЛЕТ И СО МОЗОК. А, нас

тоа сега ни се случува: за да изгради еден „поубав и постар

Македонец“, груевизмот му ги ампутира ‘рбетот и мозокот на

досегашниот Македонец. Не велиме дека тоа не е можно; на тој

начин ќе добиеме Македонец од пластелин, од желатинозна

маса што личи на пивтија (се прави од свински ножиња, не!).

Македонскиот мозок да се претвори во копито, а ‘рбетот во

гума – тоа е мисијата на груевизмот.

Македонскиот модернизам, кој во моментов се наоѓа под

талибански удар, да повториме, е симбол на ослободувањето

и отвореноста, симбол на рамноправното вклучување на

Македонија во западната цивилизација.

Дејствувањето е единствената

активност што нè сочинува

Живееме во маѓепсан круг на немоќта: апатијата на

граѓаните ја зголемува неодговорната моќ на власта, со што

се засилува беспомошноста и одново се произведува апатија.

Таквата власт, која почива врз апатични граѓани, Токвил ја

нарекува мека деспотија.

78 Никола Гелевски