sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Се разбира, постои и друг облик на култура, која

опозициската номенклатура треба да ја негува. Тоа е, да ја

наречеме, меинстрим, односно нормалната култура. Под тоа

подразбирам една релативно автономна, високо квалитетна

култура, каква што постоела и пред авторитарното подјармување.

Треба да се освојат или да се создадат паралелни

културни институции, кои ќе ја чуваат институционалната

меморија и ќе упатуваат на добрите времиња, на добрите

програми, на добрите проекти од пред диктатурата. Тие

сериозни институции треба да зрачат и да сведочат за инаквото,

за подоброто друго што стои наспроти диктаторското

подјармување. Во специфичниот македонски контекст таа

задача и не е толку тешка, затоа што нашиот режим не создаде

висока уметност, туку само евтин, авторитарен кич. Стиропорбарокот,

патетичната драмска или прозна книжевност,

неинвентивните филмови и здодевните документарци не ја

пленат ниту домашната, ниту странската публика. Очајните

режимлии се крстат времето да им даде патина на нивните

бездарни творби по неколку векови или се молат естетскиот

вкус да се превоспита за да се постигне некаков катарзичен

или хедонистички ефект. Но, иако лесна, оваа задача треба да

се исполни со целосна вдахновеност. Секое повторување на

кичот, или создавање бофл-уметност од опозицискиот систем,

може да ги обескуражи граѓаните, преку досега фаталниот

недостиг на доверба изразен преку синтагмата „сите се исти“.

Опозицијата не смее да се надева на евтина солидарност од

кич-масите, кои би требало да се придобијат со сознанието

дека и демократските опозиционери ќе им ги дозволат истите

авторитарни и етно-наци фантазми, само што ќе владеат

помалку насилно и сурово. Да не заборавиме дека кич-масите

уживаат садо-мазохистички во потрагата по „цврста рака“.

Затоа секој што е макар и малку заразен со омлитавувачкиот

демократски порив не може доволно добро да го задоволи

нивниот нагон за цврстина.

Толку за културата во демократскиот отпор. Трансверзално

и радијално до ултимативната цел. Освоју вањето на

политичката слобода значи и ослободување на уметноста. Како

Што да се прави

45