sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ама им се знаат „делата“. И затоа сме на ова дереџе, зашто

културата кај нас речиси никогаш не ја водеа професионалци

– културњаци по профессии – туку секакви будали и партиски

„пришипетљи“, оние „интелектуални“ крлежи што се лепат за

секоја власт. Ама, колку такви крлежи има токму во редовите

на овие што сега се прашуваат: Што и како понатаму

Ако сега не започнеме со таков процес на безусловна,

беспоговорна „послушност“ кон знаењето и вештините на тие

малку професионалци што ги имаме, можеме дефинитивно да

ѝ пишеме крст на македонската култура. Отсега, па за натаму.

Ренесансата на македонската култура мора да започне токму

од таа точка, па понатаму полека да гради нови мостови во

сите правци. Зашто ние (ќе) мораме да започнеме, повторно,

по којзнае кој пат, еден процес на (културно) описменување

на нацијата, на справувањето со кичот и со квазивредностите

наметнати од улични бараби маскирани во уметници, на

демаркирање на просторите во културата каде што државата

нема пристап, па нека е и олицетворение на свети Климент

лично, на повторно, но овојпат и целосно и аргументирано,

устоличување на културата и на уметноста како еден од

малкуте автохтони македонски вредности. Зашто, апсолутно

држи констатацијата на Фрчкоски дека македонската левица,

а јас би додал и македонската интелигенција, „намес

то прифаќање одговорност... и барање на причините,

ние се вдадовме во критика на узурпаторите“. Е, наместо

„критика на узрупаторите“, можеме ли да дојдеме до форма

на самокритика, на катарзично прочистување од сета онаа

багра што се таложеше, и сè уште се таложи, во македонската

култура, без оглед на нејзината партиска, родова, национална...

провениенција Можеме ли да им овозможиме поле за работа

на културните професионалци без плеткање на кратките или

на долгите државни прсти во кадровската, програмската,

институционалната... „политика“ Дури книгата навистина

и да спадне на дузина страници, на дванаесетина „мудри“

професионални глави, ќе ги оставите ли да работат според

честа и совеста, онаа професионалната Зашто, овој

културен жабарник во кој помпезно пливаат полноглавци

108 Златко Теодосиевски