25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Како што знаеме, таа програма помина лошо на

изборите. Лошо помина и програмата „скоцкана“ во времето

на Бранко Црвенковски. Би се осмелил да кажам дека неславно

ќе помине која било програма создадена како одговор на

популизмот индуциран „од долу“, од народот. Таква програма

на опозицискиот блок нема да успее дури и на едни совршено

фер и демократски избори, какви што денес е тешко дури и да

се замислат. Зошто Затоа што народот, едноставно, не паѓа

на ветувања, ако не се од Груевски. Зошто, на пример, народот

на последните парламентарни избори гласаше за ветувањата

на ВМРО-ДПМНЕ, а не за оние 100.000 вработувања што ги

вети партијата на најбогатиот Македонец, Минчо Јорданов

Затоа што луѓето знаат дека никој освен Груевски нема пари

за фрлање (нивни пари!) и моќ (од нив подарена!) за да ги

„оствари“ своите спектакуларни ветувања.

Парадоксално, но вистинито, луѓето му веруваат на тој

што ги корумпира со нивните пари и со власта дадена од нив.

Тоа, се разбира, не значи дека народот е глупав или лош. Не, тоа

само покажува дека режимот на Груевски успеал земјава да ја

врати во периодот пред појавата на политичкиот плурализам.

Демократските институции и процедури денес се лишени од

својата суштина, општеството е во т.н. претполитичка состојба,

а авторитарната свест и политичката незрелост повторно

доминираат во масата. Во такви околности никој не може да му

се спротивстави на Груевски со популистичка понуда, одејќи од

избори на избори како на кланица. Затоа упорно тврдам дека

понудата на опозицијата, нејзината идеолошка и политичка

платформа, денес мора да содржи јасна еманципаторска идеја

за борба против изборната корупција, а не за приклонување

кон неа. Ако СДСМ не го стори тоа, Македонија нема шанса

да се ослободи од овој режим. А, не сум сигурен дека ова што

денес се обидува да го изнедри најмоќната опозициска партија

како нова стратегија и маркетиншки пристап (детектирање

на побарувачката – креирање политики) е вистинскиот и

продуктивен методолошки пристап во таа насока.

Притоа, да биде сосема јасно, не спорам дека опозицијата

треба да се труди да го „разбере“ народот, ако веќе досега не

Што да се прави

113

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!