05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

10.11.2015

Komentar

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА СЕРИЈАТА ПРОВОКАЦИИ

ОД ОФИЦИЈАЛНА АТИНА

V

о врска со најновата провокација од нашиот јужен сосед, каде повторно скан далозна

улога имаше Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој при суствувајќи

на одбележувањето на 103 годишнината од ослободувањето на селото Горничево

во Лерин, уште еднаш изјави дека „Македонија е Грчка“, Претседателот на Македонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упа ту ва следната писмена реакција:

Македонската Алијанса во неколку наврати побара брза реакција од Претседателот на

Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, со кој треба да се осудат серијата на скандалозни провокации кои доаѓаат

од нашиот јужен сосед.

Сметаме дека како сериозна Држава одамна требаше да реагираме на растечката хистерија која ги има

зафатено дел од владејачките структури на официјална Атина кои континуирано со своите изјави се обидуваат

да го актуелизираат нивниот средновековен иредентизам, национализам чија директна последица се Грчките

политики на блокади, уцени со кои се попречуваат Евроатланските интеграции на Република Македонија.

Македонската Алијанса уште еднаш го повикува Македонското Министерство за надворешни работи да побара

официјален одговор од Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsиас-што е вистинската надворешна

политика на Грција?

Дали ставот на официјална Атина кон Република Македонија се серијата скандалозните провокации

на Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос, на министерот за одбрана Панос Каменос, или пак

предлозите за таканаречените мерки за градење доверба кои ги предлага Грчкиот министер за надворешни

работи?

Македонскиот народ бара одговор на ова прашање!

Ние како Држава мора јасно да ставиме до знаење дека нема да останеме неми на ваквите испади и

провокации кои наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат односите меѓу двете соседни земји.

Крајно патетични се провокациите на Павлопулос и Каменос, кои очигледно во немоќ не можат да

разберат дека Македонија може да биде Грчка само во нивните соништа и фантазиите на радикалните

и застарените Грчки општествено-политички чинители.

Нема никаква дилема дека дополнителниот притисок на нашите меѓународни сојузници врз офи цијална

Атина за да покаже флексибилност кон ирационалниот спор кој го наметна на Македонија, создава

голема нервоза кај одредени Грчки фактори.

Македонската Алијанса силно верува дека најголема наша патриотска должност е да продолжиме и

понатаму посветено да се бориме за заштита на вековното, историско име на нашата древна Македонија.

Ние имаме генерациска обврска да застанеме на патот на сите подмолни обиди за оспорување на

Македонскиот идентитет кои се насочени кон загрозување на иднината на Татковината.

Земајќи предвид дека Татковината веќе подолго време се соочува со политичка криза, која очигледно

некој сака да ја злоупотреби, ние сме уверени дека во овие крајно чувствителни моменти за Македонија

и Македонскиот народ, од особена важност е да не оставаме било каков сомнеж дека заради внатрешна

слабост постои некаква можност да направиме отстапки кои би го загрозиле вековното име и идентитет.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

106

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!