05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 09.11.2017

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ТЕКСТОТ ВО ГРЧКИОТ ПОРТАЛ

“ДИФЕРЊУЗ” И ИНТЕРВЈУТО НА

НИКОЛА ДИМИТРОВ

V

о врска со тврдењето на Грчкиот портал “Диферњуз” дека Македонија ќе стане полноправна

членка на НАТО Алијансата на 11-12 јули 2018, за што постои цела програма на обврски кои

треба до тогаш да се исполнат, а во контекст на интервјуто на Министерот за надворешни

работи Никола Димитров за една национална телевизија во Република Македонија, Прет седателот

на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Република Македонија може да стане полноправна членка на НАТО Алијансата веднаш и без

одлагање, доколку нашите меѓународни сојузници обезбедат осудената Грција конечно да ја спроведе

пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Притоа нема потреба од нови и дополнителни понижувања на Македонскиот

народ од типот да се отстранува споменикот на Александар Македонски, да се смени името на аеродромот во Скопје, ниту да

се формираат комисии за “прочистување” на Македонските учебници од наводниот иредентизам. Особено нема да има

потреба од “ново име” за кое во Црна Гора зборуваше актуелниот Премиер Зоран Заев. Се разбира, ова ќе беше одамна реалност

ако официјална Атина се откажеше од национализмот и го почитуваше нашето универзално демократско право да бидеме

Македонци во Република Македонија.

Никола Димитров мора да одговори директно и јасно што се случува зад сцената и врз основа на што се подигнуваат

очекувањата дека двете Влади во Грција и Македонија се пред решение на спорот за името? Македонскиот народ сака да знае

дали некој во нивно име се дрзнал да се согласи за нешто што нема надлежност?

Никола Димитров има обврска да одговори како е возможно Државен функционер како него, да го легитимира

лажното тврдење на официјална Атина дека Македонија промовира иредентизам? Што е следно? Ќе треба да ја

избришеме историската вистина дека со Букурешкиот договор во 1913 година ни е одземена Егејска Македонија? Ќе

мижеме дека во Кукуш, Сер, Воден, Солун и на други места има Македонци кои говорат Македонски јазик? Самите ли

ќе негираме дека заради нивната аси милаторска политика насилно се променети сите топоними што е историски

факт за постоењето на Македонија и Македонскиот народ? Ќе се преименуваат аеродроми, автопатишта, ќе ги

тргнеме сите споменици на Алескандар Македонски, за да ги задоволиме ирационалните и хегемонистички барања

на Грчките националисти? Ќе се откажеме од историската вистина за голготата, егзодусот и неправдата која им е

причинета на Македонците од Егејскиот дел? До кога вака и за што?

Како е можно да не ги учиме лекциите од минатото? Под притисок го сменивме знамето со сонцето од Кутлеш,

сменивме Устав, потпишавме Времена Спогодба, прифативме срамна привремена референца БЈРМ и со неа

влеговме во ООН, а Грчките политички елити не попуштаат ниту милиметар од нивните ирационални позиции.

Заборавивме ли дека и покрај обврската од Времената Спогодба со која Грција се обврза дека нема ја блокира

Македонија во Евроатланските интеграции, Костас Кара манлис во 2008, спротивно на заложбите на САД, стави

вето на членството на Македонија во НАТО Алијансата. Уште Димитров смета дека е вешта дипломатија што

Владата молчела и “не се препукувала” по медиумите за провокациите на Павлопулос, Каменос, Кумуцакос,

Коѕијас и сите останати Грчки првенци кои речиси секојдневно го негираат Македонскиот идентитет.

На Татковината не и е потребна нова сервилност во надворешната политика која ќе ни донесе нови порази.

Грчката стратегија е јасна, тие го бараат од нас невозможното. Самите да се обезличиме и откажеме од

сопствениот Македонски идентитет. Затоа, Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира својот став

дека сега е моментот да ставиме крај на преговорите бидејќи сме длабоко убедени дека ако продолжиме да

преговараме со вакви уцени и условувања, речиси сигурно ќе ја поминеме точката од која нема враќање во

процесот на самоуништување на Македонскиот народ и неговата иднина.

Оние политичари кои под притисок и уцена за својата слобода, евентуално ќе си преземат на себе товар и

обврска да се обидат да протуркаат велепредавство ќе мора да се соочат со Македонскиот народ - единствениот

суверен владетел на Македонскиот идентитет кој секогаш знаел да се избори за својата иднина.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

373

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!