05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 08.01.2016

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА СРЕДБАТА АХМЕТИ - КОSИАС

ВО АТИНА

P

о повод денешната средба во Атина, помеѓу делегацијата на партијата ДУИ на чело со

Али Ахмети со Министерот за надворешни работи, Никос Коsиас, со соопштение за

јавност својот став го изнесе Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ

Атанасоски:

Македонската Алијанса изразува загриженост за денешната средба во Атина меѓу

највисоките претставници на владејачката партија ДУИ со Грчкиот шеф на дипломатијата.

Без разлика што оваа посета на Грчкото МНР, беше најавувана како редовна партиска

активност на ДУИ, сметаме дека тајмингот и околностите за ваква средба се погрешно избрани.

Татковината веќе подолг период се наоѓа во политичка криза чија конечна разрешница се очекува на предвремени

парламентарни избори во април. Ние како сериозна Држава, во вака чувствителен период не смееме самите да

влијаеме или да потхрануваме креирање на погрешна перцепција или донесување на погрешни заклучоци. Во неколку

наврати предупредивме дека нашите моментални внатрешни слабости можат да бидат злоупотребени за евентуален

нов притисок за да направиме некакви отстапки во нашите позиции во ирационалниот и наметнат спор за името.

Особено што некои влијателни Грчки медиуми во своите новогодишни анализи, во обид да го изместат тежиштето

на спорот, излегоа со јалови тврдења дека претстојната привремена Влада во Македонија е некаква шанса за решение

на спорот.

Лидерот на ДУИ и неговите најблиски соработници не се случајни политичари за да не знаат дека проблемот за

решавање на овој повеќе децениски неправеден спор не е во Македонија, туку кај политичките елити во Атина. Токму

тие преку политиките на уцени, блокади на нашето членство во ЕУ и НАТО го потхрануваат иредентизмот и

национализмот од 90-тите, со кои се обидуваат да добиваат политички поени кај Грчките гласачи.

Без разлика што партиската делегација на ДУИ во Атина претставува само една немнозинска етничка заедница во

нашата Република, во овој крајно сензитивен период за Татковината ваквите иницијативи се во најмала рака

непотребни. Не сме наивни да не знаеме дека оваа средба може да се чита како порака или да стане мотив некој да си

протолкува дека во Македонија постојат структури кои имаат помек пристап по прашањето на името. Уште поважно,

во последниот период е евидентно дека нашите меѓународни сојузници на чело со САД, вршат притисок врз

официјална Атина за да покаже поголема флексибилност, што создава нервоза кај одредени високи Грчки структури,

што е видливо од серијата нивни скандалозни провокации. Ниту една политичка партија во Македонија ова не треба

да го занемарува. Сите треба да се однесуваме одговорно и со ниту една постапка да не и помагаме на официјална

Атина во обидите да покаже некаква лажна конструктивност пред меѓународната јавност и со тоа да успее во своите

намери да создава привид дека некој друг е виновен за спорот.

Македонската Алијанса уште една порачува дека ниту една Влада, партија,

структура или политичар, не може да одлучува за решавање на овој неправеден спор, без

за тоа да се изјасни Македонскиот народ.

Конечно, на сите треба еднаш засекогаш да им стане јасно дека името Македонија и

Македонскиот национален идентитет никогаш не можат да бидат предмет на преговори!

Ние никогаш нема да се согласиме да ја платиме највисоката цена за

Евроатланските интеграции, како народ да обезличиме, откажувајќи се од Македонскиот

национален идентитет и од вековното име Македонија.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

121

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!