05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

05.09.2017

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА

АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КОЈ ВЛЕЗЕ

ВО СОБРАНИСКА ПОСТАПКА

Z

емајќи предвид дека денес почнува расправата за Законот за употреба на јазиците во Соб раниската

Комисија за Европски прашања, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија

Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонскиот народ и неговата иднина стануваат се поголеми заложници на пазарите на најодговорните

политички партии. Денес, надвор од рамките на Охридскиот Договор, спротивно на

Уставот на Република Македонија, се официјализира политичкиот терор на едно малцинство врз

целиот Македонски народ. Самоуништувањето на Македонците и подривањето на темелите на модерната Македонска

Држава се прави само за да една политичка структура ја зачува власта.

Во Македонија за актуелните политичари ништо повеќе не е свето! Претседателот Ѓорѓе Иванов како да пропаднал

во глувчешка дупка, мисли дека со молчење ќе се амнестира од одговорност. Премиерот Зоран Заев ги прекршува

сите свои ветувања, бидејќи освен што потпиша писмени гаранција дека нема на никаков начин да го загрозува

Уставниот поредок, вети и широка дебата, обврзувајќи се дека ќе го почитува мислењето на стручната и експертска

јавност. Опозицијата на чело со Никола Груевски се уште тактизира бидејќи поважни му се Албански гласови на

локалните избори. Татковината страда од недостаток на национална свест кај најодговорните политички фактори.

Нивните апетити за функции, привилегии, лична корист и гола власт се поважни од Македонските национални

интереси.

Прво, од кога Законот за двојазичност стана услов или барање кое мора да се исполни за Евроатланските

интеграции на Македонија за да мора да оди во скратена Собраниска процедура со ЕУ знаме?

Второ, со кои одредби од Охридскиот Рамковен Договор е предвидено дека во Општините и Градот каде Албанците

се уште само формално се водат дека се повеќе од 20 проценти, треба да има двојазични ознаки на полицијата,

пожарникарите и здравствените работници? Каде пишува дека на целата територија мора и Албанскиот да биде

службен јазик и на парите да има Албански обележја и мотиви?

Трето, зошто Албанските лидери од Македонија не бараат од Владата на Еди Рама, Албанија да ја признае

Македонија под Уставното име? Нели Македонија е нивна Држава, нели Талат Џафери на Илинден, на Мечкин Камен

го цитираше Крушевскиот Манифест?

Зошто Македонските парламентарни партии се слепи и глуви за овие клучни прашања?

Македонската Алијанса бара ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да го подржат барањето за итно повлекување на Законот за

употреба на Албанскиот јазик. Веднаш да се прогласи мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека

не се согласат да се спроведе законски попис.

Да се прифати нашиот предлог Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален

кре дибилитет кој доаѓа од Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на политичките

партии.

Не може Албанските политички фактори заради бројот на пратеници во актуелниот политички состав, со сила да

издејствуваат противуставна двојазичност во Македонија, а ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се усогласат да ги

одбранат Македонските национални интереси. Или се уценети или со умисла се соучесници во ова класично

велепредавство. Овој Закон ја отвора портата за напад на унитарноста на Татковината и од внатре по Грчки терк да се

нападне Македонскиот национален идентитет. Официјална Атина ова го чека со раширени раце за да го зададе финалниот

удар за промена на светото Македонско име и Македонскиот идентитет.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

340

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!