05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

16.09.2015

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА

УТВРДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКО

РЕШЕНИЕ И ИЗБОР НА

СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

P

ретседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во врска со

утврдувањето на законското решение, неговото усвојување во Соб ра ние то

на Република Македонија, како и изборот на специјален јавен обвинител, го

соопштува следното:

Македонската Алијанса го поздравува усогласувањето меѓу четирите поли тич ки

пар тии за утврдувањето, усвојувањето на законското решение во Македонското Собра

ние, како и изборот на специјалниот јавен обвинител, што беше втора обврска од политичкиот протокол од

„Пржино“.

Ги охрабруваме сите инволвирани политички чинители да продолжат и понатаму посветено да работат на

исполнување на обврските од политичкиот договор, кои самите ги превземаа, како излезни решенија за длабоката

политичка криза во која беше втурната Татковината.

Македонската Алијанса, како и целокупната Македонска Дијаспора, искрено верува дека за Татковината е

повеќе од неопходно, целосно да се спроведе секоја точка од протоколот од Пржино, за да се поврати

политичката клима во која сите политички партии ќе се вратат на патот на остварување на стратешките

приоритети на Македонија и Македонскиот народ.

На новоизбраниот специјален јавен обвинител, Г-ѓа Катица Јанева, и го честитаме изборот и ја даваме нашата

целосна подршка за успешно справување со предизвиците кои следат.

Сметаме дека после ваква многу сериозна политичка криза, за да граѓаните ја вратат довербата во Државните

институции, особено во правосудните органи, од каде впрочем и потекнува специјалниот јавен обвинител,

главна обврска ќе биде, во една објективна и непристрасна постапка, подеднакво да се расчистат и околностите

под кои е прислушувано, но и содржината на сите објавени и доставени материјали, особено онаму каде има

сериозни индиции за сторен криминал.

Македонската Алијанса во името на Дијаспората го поздравува сериозниот ангажман на нашите меѓународни

пријатели и сојузници, САД и ЕУ, кои потврдија дека им е важно нашата Татковина стратешки да го продолжи

Евроатланскиот Пат.

Искрено жалиме што политичките партии уште еднаш паднаа на испитот на политичка зрелост и на место

самите да ги решаваме проблемите, покажавме дека без сериозен притисок и ангажман од надвор, не можеме

да ги надминеме тесно партиските позиции, интереси, дури и тогаш кога мора сите да бидеме свесни дека е во

прашање иднината на Македонија.

Македонската Алијанса ги повикува сите политички партии во Татковината да бидат на

висината на задачата, да се однесуваат одговорно, да имаат чувство за состојбата со која

се наоѓаме и да не се обидуваат од целата ситуација да извлекуваат дневно политички

поени. Наместо да се фокусираат на тоа кој во јавноста ќе се претстави како добитник или

губитник од исполнување на обврските од политичкиот договор од „Пржино“, најодговорните

политички партии мора конечно да разберат дека на Македонија и е потребно единство за да

се врати на вистинскиот колосек.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

86

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!