05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

09.09.2017

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА 5-ТА КОНФЕРЕНЦИЈА

НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ

ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

P

о повод прифаќањето на поканата на претставниците на Сојузот на здруженијата на

Македонци од Егејска Македонија и Здруженијата „Незаборав“ од Струмица, Македонци

потомци од Егејска Македонија и деца бегалци од Егејска Македонија, од страна на

Премиерот Зоран Заев да биде покровител на 5-тата Конференција на децата бегалци од

Егејска Македонија, која ќе се одржи од од 19 до 21 јули 2018 година, Претседателот на

Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Добро е што и новата Влада се обидува да покаже проактивен пристап кон Македонската

Дијаспора. Сепак, нашиот впечаток е дека со вакви јавни средби и покровителства не се решаваат суштинските проблеми на

нашите браќа и сестри Македонци во регионот, ниту пак се слуша гласот на Македонците ширум светот. Владата треба со

конкретни чекори да побара остварување на основните демократски права на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција.

Се што се сведува на декларативни заложби го засилува впечатокот дека се злоупотребуваат одредени здруженија како

алиби за актуелните погрешни политики на владејачката коалиција.

Прво, договорот со Бугарија го загрозува Македонскиот национален идентитет и не предвидува обврска за нивната

Влада да го признаат постоењето на Македонци во Пиринскиот дел и конечно да ги спроведат пресудите на Европскиот Суд

за човекови права во Стразбур и да го регистрираат ОМО Илинден – Пирин.

Второ, додека во Собранието на Република Македонија се легализира политичкиот терор на едно малцинство врз целиот

Македонски народ и се расправа за воведување на двојазичност на целата територија на Татковината, двојазични ознаки

на полицијата, пожарникарите и здравствените работници, без да се спроведе законски попис, единствениот Македонски

Градоначалник во Пустец, Република Албанија, Едмонд Темелко, не може да ги брани интересите на своите браќа и

сестри Македонци, бидејќи му е одземен пасошот. Паралелно, Албанските политички фактори во Македонија никогаш во

изминативе 26 години не побараа од ниту една Албанската Влада да го признае Уставното име на Република Македонија.

Трето, при разговорите за таканаречените мерки за градење доверба ниту еден Македонски Државен функционер не го

покрена прашањето за признавањето на Македонците од Егејскиот дел. Дури, Министерство за надворешни работи никогаш

не собра храброст барем да ги осуди провокациите на Прокопис Павлопулос кој редовно од Солун, Сер, Костур, Кукуш и

други места, кои сведочат за историската неправда која ни е направена со Букурешкиот Договор, ни испраќа пораки дека

Грчката политика никогаш нема да го признае постоењето на Македонскиот народ.

Четврто, заради иницијативата на актуелната политичка структура додека беше опозиција и измените во Изборниот

закон, денес во Македонското Собрание, Дијаспората нема свој претставник.

Владата треба да го слушне широкиот глас на Македонската Дијаспора. Онаа Дијаспора која со децении работеше

на независноста на Република Македонија, на признавањето на Уставното име од САД, онаа Дијаспора која никогаш

не си ги заборави корените и се уште посветено работи на заштита на Македонскиот национален идентитет е светото

вековно име Македонија.

Македонската Алијанса во името на целата Македонска Дијаспора ги реафирмира своите претходни предлози за

измени во изборниот закон, воведување на една изборна единица, без изборен праг што ќе овозможи Македонците

ширум светот да си ги изберат своите вистински претставници во Македонското Собрание.

Бараме од Владата на Зоран Заев да го слушне нашиот глас и да го повлече Законот за употреба на Албанскиот

јазик. Веднаш да се прогласи мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека не се согласат да се

спроведе законски попис. Да се прифати нашиот предлог Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице

со висок морален кредибилитет кој доаѓа од Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на

политичките партии. Овој Закон ја отвора портата за напад на унитарноста на Татковината и од внатре по Грчки терк

да се нападне Македонскиот национален идентитет. Официјална Атина ова го чека со раширени раце за да го зададе

финалниот удар за промена на светото Македонско име и Македонскиот идентитет.

Само со искрен пристап и уважување на нивниот глас се гради доверба и вистински однос со Македонската

Дијаспора!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

342

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!