05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

03.02.2017

Komentar

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ПРОВОКАЦИЈАТА НА

БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ

V

о врска со провокацијата на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски

кои во Европскиот Парламент покренаа иницијатива за признавање на Бугарско мал цинство

во Албанија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува

следната реакција:

Македонската Алијанса најостро ја осудува новата провокација која доаѓа од соседна Бугарија.

После скандалозното проштално интервју на поранешниот Претседател, Росен Плевнелиев, сега

и Бугарските Европратеници Ковачев и Џамбаски, кој се познати по својот негаторски однос кон

Македонија, со своите залагања свесно се обидуваат да ги влошат билатералните односи.

Надвор од умот е да се тврди дека во Албанија има Бугарско малцинство!

Целосно ги поддржуваме и застануваме зад протестот на Македонското Друштво „Илинден“-Тирана. Без разлика на

подмолните обиди за интервенција во идентитетот, нашите браќа и сестри од Преспа, Голо Брдо и Гора, биле и ќе останат

Македонци.

Ги повикуваме Бугарските Европратеници да престанат да промовираат двоен морал. Каде тоа видоа Бугарско

малцинство во Албанија, а во исто време се слепи и глуви за постоењето на Македонци во Бугарија? Зошто во Бугарија во

21 век, ОМО Илинден – Пирин не смее да се регистрира како политичка партија?

Срамно, дрско и безобразно е однесувањето на претставниците на Бугарија во Европскиот Парламент! Прво

Плевнелиев, а по него и Ковачев и Џамбаски, перфидно сакаат да ја користат внатрешната политичка криза во Македонија,

слично како што тоа го прават одредени политичари на Албанија, Србија и Грција.

Негаторската и асимилаторската политика на Бугарија со која не го признава постоењето на Македонци не е, и не може

да биде демократска вредност на земја членка на ЕУ и НАТО. Бугарија и Македонија и покрај сите историски неправди

можат да имаат добрососедски односи. За жал, ваквите испади само го зголемуваат јазот и инвестираат во зголемување на

разликите за отворените и се уште нерешени билатерални прашања, што на никој не му оди во прилог.

Земајќи предвид дека Бугарија подолг период инсистира да се потпише Договор за добрососедство, сметаме дека е

политички и дипломатски коректно новоизбраниот Претседател на Бугарија, Румен Радев да се огради од провокациите на

својот претходник и Европратениците, што ќе биде прв сигнал дека неговите заложби за добрососедски односи се

вистински.

Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува лидерите на најодговорните политички партии да се освестат и да

разберат дека не се поголеми од Македонија. Колку и да е голем нивниот антагонизам, за стратешките национални

интереси на Македонија и Македонскиот народ мораат да најдат сила да изградат консензус, кој во овие чувствителни

моменти за Татковината е повеќе од нужен!

Македонските политички партии мора заеднички и неодложно да се усогласиме и недвосмислено да соопштиме дека,

ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно

инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа

да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

На домашната, но и на целата меѓународна јавност, недвосмислено и укажуваме дека без разлика на сложените

внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината

никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско

име и идентитет.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

256

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!