05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

04.12.2017

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА ИНТЕРВЈУТО

НА НИКОС КОSИЈАС

ЗА „ЕТНОС“

P

о повод последното интервју на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsијас, кој за

весникот „Етнос“ повторил дека мора да се најде компромис за името за да се отвори

патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија

Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Ако некој во изминативе 26 години покажал подготвеност за компромис, тоа е Ма ке донската

страна. Тоа и Никос Коsијаси сите претходни Грчки политичари многу добро го знаат.

Впрочем, користејќи го јазикот на силата, Грција го наметна нивниот ирационален спор за нашето Уставно име Ре публика

Македонија, како услов без чие решавање нашата Татковина не може да ги реализира Евроатланските интеграции.

Македонска Алијанса најостро се спротиставува на тезата на Никос Коsијас, кој во своето последно интервју

тврди дека ние како нивни соседи сме верувале дека без договор со нив сме можеле во ЕУ и НАТО, што според

него било невозможно. Навистина е трагично со каква леснотија Грчките политичари се прават наудрени и

упорно се обидуваат да ја тераат водата на нивната воденица. Имено, Република Македонија изложена на

невиден притисок пред приемот во ООН, мораше да го смени Уставот, се откажа од историското знаме со

симболот на Кутлеш и ја прифати срамната привремена референца ПЈРМ и ја потпиша Времената Спогодба со

која меѓудругото Грција се обврза да не ги блокира нашите Евроатлански интеграции. Ако оваа спогодба под

покровителство на ООН не е договор, тогаш е прашање колку Коsијас ја познава и дипломатијата и

меѓународното право. Најдобра потврда колку е валидна Времената Спогодба говори пресудата на

Меѓународниот Суд во Хаг кој ја осуди Грција заради противправното вето за приемот на Македонија во НАТО

Алијансата на Самитот во Букурешт во 2008 година.

Затоа, доста ни е од лицемерие, двојни аршини и лажна конструктивност. Едноставно сите Грчките

политичари во разни форми и прилики безусловно не потсетуваат на горката вистина дека Грција

никогаш нема да се согласи да го признае нашето Уставно име и дека бара од Македонскиот народ да

си најде нов идентитет! Ние одамна предупредуваме дека се смешни тезите за наводна подготвеност

на официјална Атина да попушти од своите црвени линии заради конструктивноста на актуелната

Влада на Република Македонија. Историјата кажува се. Ние можеме уште повеќе да се понижуваме, да

отстрануваме споменици, да преименуваме аеродроми, автопатишта, да се дистанцираме од античките

корени, но тоа повторно ништо суштински нема да смени во позициите на официјална Атина.

Македонската Алијанса е длабоко и суштински уверена дека сега е потребна шок-дипломатија од наша

страна. Сега е моментот да се прекинат преговорите со образложение дека пред новата рунда преговори

за името бараме меѓународната заедница да ја спроведе пресудата од Хаг и Македонија да влезе во

НАТО Алијансата со привремената референца. Клучните политички фактори застапени моментално во

Собранието на Република Македонија да усогласат и усвојат текст на Декларација со која ја дефинираме

нашата национална позиција дека ниту еден политичар или партија никогаш нема да се согласи на

промена на Уставното име и идентитет, како наши црвени линии. Во овој крајно сензитивен период за

Татковината ова е единствениот начин да покажеме Државотворен капацитет за одбрана на иднината на

Македонскиот народ.

Секој кој мисли или се надева дека може да спроведе евентуално велепредавство, си игра со оган.

Само Македонскиот народ кој живее во и надвор од Републиката, како суверен владетел на идентитетот,

јазикот, културата, посебноста и името, одлучува и никој друг. Ниту еден политичар, партија или

коалиција нема мандат да се раздава со најсветото!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

386

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!