05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

18.08.2015

Komentar

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ВО ВРСКА СО ПРЕПОРАКИТЕ

НА МОСТ

P

ретседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во врска со

препораките на МОСТ за редефинирање на изборниот модел според кој Ма кедонија

би била дефинирана како една изборна единица, како и за препораката

за времено суспендирање на гласачкото право на Дијаспората, го соопштува

следното:

Македонската Алијанса се залага за постојано унапредување на сите граѓански права,

без разлика дали станува збор за границите на Татковината или надвор од неа.

Крајно сме изненадени од предлогот на невладината организација МОСТ за времено суспендирање на гласачкото

право на Македонската Дијаспора, до изнаоѓање на општо прифатливо решение. Упорното оспорување на

легитимитетот на гласовите на Дијаспората, воопшто не оди во прилог на создавање на силна Татковина, која се

грижи за својата иднина.

На Република Македонија и е потребна долгорочна државна стратегија за привлекување на поновите генерации

Македонци од Дијаспората да земат активно учество во општествено-политичкиот живот во Татковината. Такви

мудри политики водат Држави кои го уважуваат вистинското значење на иселениците, кои тешко спечаленото

надвор, сакаат да го инвестираат во родната грутка.

Според сите наши анализи, уверени сме дека реформирањето на изборните правила со кои во основа ќе се

дефинира една, наместо досегашните девет изборни единици, во голема мера ќе реши голем дел од досегашните

отворени прашања за легитимитетот на постоечкиот изборен модел.

Македонската Алијанса смета дека промената на изборниот модел со кој Македонија ќе биде една изборна

единица, без изборен праг, е прифатлива. Сметаме дека и вклучување на гласовите на дијаспората од Европа,

САД и Австралија во рамките на овој модел со една изборна единица, ќе ги затвори и сите дилеми во врска со

изборниот легитимитет на претставниците на дијаспората во Македонскиот Парламент.

Искрено веруваме дека ваквата реформа ќе придонесе за уште поголема демократизација на Македонското

Општество преку воведување на фер шанса за сите политички чинители автентично да ги спроведуваат своите

платформи за кои граѓаните го дале својот глас.

На Република Македонија и е потребен силен законодавен Дом, Парламент во кој и

пратениците на помалите политички партии ќе бидат вистински претставници на своите

гласачи и реално ќе ја отсликуваат разноликоста на политичкиот живот, во функција на

јакнење на Државата.

За Македонската Алијанса и отворените листи се чекор напред кон поголема

демократизација на политичкиот живот во Република Македонија.

Длабоко сме убедени дека со воведувањето на една изборна единица во Татковината,

ќе профитираат и големите политички партии, кои конечно ќе имаат прилика да се

уверат во вистинскиот капацитет и вредност на помалите политички партии. Само така,

исклучиво на принципиелна основа може да се градат уште посилни партнерства и

сојузништва за обединета и силна Татковина.

78

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!