05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

30.07.2015

Komentar

V

о врска со одредени најави дека постои можност од септември да се

покрене иницијатива со која во мандатот на таканаречената Влада за

организација на изборите, ќе се направи обид да се вметне и прашањето

за името, Претседателот на Македонската Алијанса, ЃорѓијаЏорџ Атанасоски,

ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса со длабока загриженост ги проследува информациите кои од различни

адреси, во повеќе наврати, неодговорно и со леснотија се пласираат во Македонската јавност,

дека наводно е можно од септември да се покрене иницијатива во мандатот на таканаречената

договорена Влада за организација на изборите да се вметне и прашањето за името.

Ваквите информации, но и претходно изјавите на некои неодговорни политичари од

Албанскиот политички блок, ги загрижуваат и вознемируваат граѓаните кои живеат во

Татковината, но и нас кои живееме и работиме во Дијаспората. Уште пред неколку месеци

сметавме дека е неопходно, од името на Македонската Дијаспора да упатиме јавен повик до

лидерите на најголемите политички партии во Македонија, да не дозволуваат политичката

криза да ги нарушува меѓународните позиции на Татковината.

Не сакаме да веруваме дека самата политичка криза беше креирана за да предизвика наша

внатрешна-политичка слабост која ќе не стави во подредена позиција и планирано и во

внимателно определен тајминг ќе ги зголемува притисоците, блокадите и уцените за промена

на нашето вековно Македонско име и идентитет.

Сите политичари и политички партии во Македонија, мора конечно да прифатат дека за

стратешките интереси на Татковината, особено за прашањето за името, не смее да има

имповизации и дневно политиканство, бидејќи одговорноста е голема за сите, без разлика

дали се во опозиција или на власт.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАЈАВИТЕ ОД

СЕПТЕМВРИ ВО МАНДАТОТ НА ВЛАДАТА

ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ДА СЕ

ВМЕТНЕ И ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО

Македонското име и идентитет не може и не смее да биде третирано како алатка

за пазарање која во зависност од нечии политички потреби, ќе се злоупотребува и

актуелизира во сомнителни околности.

Нашиот став е јасен-За Македонското име и идентитет преговори нема и не може да

има!

Македонската дијаспора ги повикува лидерите на најголемите Македонски

политички партии да ја расчистат маглата кој некој очигледно свесно сака да ја

создава и уште еднаш јавно да го демантираат постоењето на било каква опасност и

прашањето за името да биде ставено на преговарачка маса како услов за надминување

на политичките состојби во Татковината.

70

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!