05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

15.08.2017

Komentar

V

о врска со интервјуто на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за интернет порталот „пост.мк“ каде

изјави дека треба да се овозможи и Албанскиот јазик да биде во официјална употреба во надворешната

политика на Македонија, како и денешната изјава на Вицепремиерот Бујар Османи кој

посочи дека сега треба да се искористи позитивната клима и да се реши спорот за името, Претседателот

на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Без разлика што најголем дел од Македонските медиуми во Татковината ваквите изјави на пред водниците

на ДУИ ги толкуваат како предкампања за локалните избори и не сакаат да им даваат поголема политичка

тежина, ние сме убедени дека за се она што Македонската Алијанса предупредува изминатиот период добива на интензитет.

Изјавата на Али Ахмети ги подгрева очекувањата на Албанците со нови и нови порадикални барања. ДУИ сака да стави до знаење

дека Владиниот предлог на Закон за употреба на Албанскиот јазик каде се предвидува и двојазични униформи во АРМ, двојазични

Државни ознаки за полицијата, за пожарникарите и здравствените работници и двојазични банкноти не ги задоволува нивните апетити,

туку треба да се оди чекор напред и Албанскиот јазик да биде во официјална употреба и во надворешната политика на Република

Македонија. И ова барање потврдува дека Албанските политички фактори бараат промена на Уставот. Што е следно, Македонскиот

народ како мнозински, да стане роб во сопствената Држава? Има ли лимит или се треба да се погази и Рамковен Договор и Устав и

Македонски национален идентитет?

Во Татковината не е спроведен попис цели 15 години исклучиво заради политички причини и полтронско однесување на нај од говорните

Македонски политички фактори, кои за жал секогаш ги избираат привилегиите и плодовите на власта наместо долгорочните

интереси на нашата заедничка Држава. Ние еднаш мора да се преброиме и тоа не со политичка формула туку по меѓународни стандарди

за една вообичаена статистичка операција. Не во термини кога им одговора на Албанските политички фактори кои со сила сакаат да ја

довлечкаат Албанската Дијаспора и лажно да претстават дека живее во Македонија. Конечно нека се спроведе законски попис па откако

ќе се види реалноста тогаш ќе може да се разговара за вистински и принципиелен граѓански концепт на Македонското општество.

Македонскиот народ не може со лажни проценти и понатаму да биде уценет во сопствената Држава!

Изјавата на Бујар Османи е дел од стратегијата за зголемување на очекувањата, а со тоа се врши се поголем притисок врз Зоран Заев и

СДСМ за да се издејствува позиција во која Македонија ќе капитулира во интерес на Евроатланските интеграции. Во тој контекст се

толкува и посетата на Никос Коsиас на Македонија.

ДУИ може да зборува и да бара да биде дел од проблемот за името тогаш кога ќе побара од својот ментор Еди Рама,Албанската

Влада да го признае Уставното име на Македонија. Се до тогаш никој нема да верува во нивните наводни искрени намери. Затоа

што секој нивен нов потег е директен атак од внатре на Македонскиот национален идентитет.

ДУИ мора да разбере дека Македонија и Македонскиот народ не бараат подарок, туку остварување на универзалното право

за самоопределување што го ужива секоја друга земја членка на ООН. Нашите меѓународни пријатели и сојузници да го

обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на

НАТО Алијансата и со тоа во прва фаза ќе се обезбеди стабилност во регионот. Особено што најдобра гаранција за унитарноста

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ИЗЈАВИТЕ НА АЛИ АХМЕТИ И

БУЈАР ОСМАНИ

на Македонија и нејзината долгорочна стабилност е членството во НАТО.

Македонската Алијанса смета дека во изминативе години од независноста, Македонија покажа огромна

конструктивност и сериоз ност во напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со официјална Атина.

Направивме огромни отстапки, а Грчките политички елити во ниту еден момент не пропуштаат да соопштат дека никакви

меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името упорно спроведувајќи јасвојата

стратегија со уцени и притисок да го бараат од насневозможното.

За жал, и покрај нашите добронамерни апели, најодговорните Македонски политички партии, заради теснопартиските

интереси да се задржи или освои власта, не успеаа да изградат консензус за стратешките национални прашања, заради

што Татковината може да влезе во уште подлабока криза.

Актуелната Влада во овој период презема огромен дел од одговорноста за иднината на нашата заедничка Татковина

и мора да знае дека огромното мнозинство на Македонскиот народ во Републиката и надвор има цврсто изграден став

дека разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи

секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да се соочи со народот.

332

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!