05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 03.11.2017

V

о

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА ИЗЈАВИТЕ

НА МИРОСЛАВ ГРЧЕВ

И БУЈАР ОСМАНИ

врска со скандалозната изјава на Претседателот на Советот на СДСМ, Мирослав Грчев кој на Српски

јазик излезе со тврдење дека Македонската нација, јазик и култура се измислени во рамките на

поранешна Југославија и интервјуто на Вицепремиерот задолжен за Евроинтеграциите Бујар Османи

на “Патот кон” каде изјави дека спорот за името ќе се реши брзо и без референдум бидејќи на

локалните избори граѓаните веќе се изјасниле за тоа, Претседателот на Македонската Алиј анса,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Тешко на Македонија и Македонскиот народ кога универзитетски професор, лидер на интелектуалците

во владејачката СДСМ и пред се’ Македонец како Мирослав Грчев може за јазикот на кој говори и пренесува

знаење на студентите, за сопствената култура и идентитет, самиот да тврди дека се измислени. Ваквата изјава дадена на Српски јазик е

на иста линија како и на сите останати провокации на Павлопулос, Каменос, Кумуцакос и Коsијас. Едноставно, Мирослав Грчев стана

национален промотор и застапник на обезличувањето на Македонскиот народ и загрозување на неговата иднина.

Македонската Алијанса очекува СДСМ веднаш да се огради од неговите ставови и итно да го разреши од функцијата Претседател на

партискиот Совет. Владата и Министерството за култура веднаш да го развластат од било какви ресорски комисии кои се занимаваат со

неговите предлози или идеи за отстранување на споменици. Во спротивно, ќе немаме друг избор освен да сметаме дека ставовите

на Грчев се официјални ставови на владејачката партија која ќе ги имплементира во следните Владини потези.

Изјавата на Бујар Османи е дел од долгорочната стратегијата за зголемување на очекувањата во внатрешната јавност со единствена

цел, да се одржува постојан притисок врз Зоран Заев за да се издејствува позиција во која актуелната Влада ќе мора да капитулира затоа

што ќе се согласи на решение за спорот за името по Грчки терк. За кого работи Бујар Османи и ДУИ? Тие не се вчерашни за да не знаат

дека со ваквите ставови работат за официјална Атина и смислено ја ослабнуваат Македонската преговарачка позиција. Општо познато

е дека постои консензус во Грција со кој и позицијата и опозицијата се против одржувањето референдум во Македонија на кој граѓаните

ќе се изјаснат за евентуално компромисно решение. И сега се најде Бујар Османи и ДУИ да толкуваат дека локалните избори биле

референдум зошто граѓаните наводно знаеле дека актуелната Влада се залага за брзо решавање на спорот за името и затоа ги гласале

нивните Градоначалници. Вицепремиерот Османи и сите останати функционери на ДУИ примаат плата од даночните обврзници на

Република Македонија за да работат во интерес на сите граѓани, вклучително и за Македонскиот народ, а не подмолно да одработуваат

за “туѓи бели дворови”!

ДУИ може да зборува и да бара да биде дел од проблемот за името тогаш кога ќе побара од својот ментор Еди Рама, Албанската

Влада да го признае Уставното име на Македонија. Се до тогаш секој нивен нов потег ќе се смета за директен атак од внатре за

загрозување на Македонскиот национален идентитет.

ДУИ мора да разбере дека Македонија и Македонскиот народ не бараат подарок, туку остварување на универзалното право за

самоопределување што го ужива секоја друга земја членка на ООН.

Нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што

нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата и со тоа во прва фаза ќе се обезбеди стабилност во регионот. Особено

што најдобра гаранција за унитарноста на Македонија и нејзината долгорочна стабилност е членството во НАТО. Во изминативе години

од независноста, Македонија покажа огромна конструктивност. Направивме огромни отстапки, сменивме Устав, знаме, прифативме

срамна привремена референца, а Грчките политички елити упорно спроведувајќи ја својата стратегија со уцени и притисоци, од

Македонскиот народ го бараат невозможното.

За жал, и покрај нашите добронамерни апели, најодговорните Македонски политички партии, заради теснопартиските интереси и

недостаток на визија за иднината, не успеаа да изградат консензус за стратешките национални прашања, заради што Татковината може

да влезе во уште подлабока криза.

Актуелната Влада во овој период презема огромен дел од одговорноста за иднината на нашата заедничка Татковина и мора да знае

дека огромното мнозинство на Македонскиот народ во Републиката и надвор има цврсто изграден став дека разговори и преговори за

прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има. Сите евентуални претпоставки засновани на резултатот

од локалните избори дека наводно Македонскиот народ сега е подготвен да прифати компромис и решение на името на своја штета се

целосно погрешна проценка. Ниту една политичка партија нема мандат да тргува со светото Македонско име и да прифати обезличување

на Македонскиот народ. Без разлика на моменталните околности, било кој лидер, функционер или партија кои евентуално ќе се согласат

да одработат такво велепредавство ќе мора да се соочат со народот.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

369

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!