05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

18.10.2017

Komentar

V

Македонската

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА СРЕДБАТА ТРАМП - ЦИПРАС

ВО ВАШИНГТОН

о врска со вчерашната средба на Претседателот на САД, Доналд Трамп со Грчкиот

Премиер Алексис Ципрас, кој побара средба за време на Генералното

Собрание на ООН за поддршка од САД за отворените прашања во регионот,

Прет седателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува

следното:

Алијанса за разлика од некои други во Татковината, потезите во

надворешната политика на официјална Атина ги толкува како резултат на една лукава стратегија која

треба на Македонија да и го зададе последниот удар.

Грчкиот Премиер Алексис Ципрас на Доналд Трамп, за кој не така одамна сметаше дека е зло за човештвото,

вчера се обиде да му продаде дека Грција е клучен фактор на стабилност во регионот.

Каква хипокризија? Размазената членка на ЕУ и НАТО Алијансата која банкротираше и во континуитет

произведува кризи, уценува и дрско ги злоупотребува полугите на моќ, сега сака лажно да претстави

дека се’ зависи од нејзе.

Македонската Алијанса му порачува на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, да не заборава дека САД

се најголемиот стратешки сојузник на Македонија, кој уште во 2004 година, и покрај притисоците на

моќната и бројна Грчка Дијаспора го призна нашето Уставно име.

Иако изјавата на Грчкиот опозиционер Јоргос Кумуцакос е дел од нивната внатрешна политичка

борба за зголемување на очекувањата од посетата на Алексис Ципрас на Вашингтон, сепак тој има една

многу погрешна проценка. Без разлика на победата на СДСМ на локалните избори, ниту владејачките,

ниту опозициските или било која друга политичка партија во Татковината нема мандат да го продаде

Уставното име и да се откаже од Македонскиот национален идентитет. Исклучиво Македонскиот народ

е носител на Македонскиот идентитет и затоа воопшто не е случајно што партиите се повикуваат на

народот, кој секое евентуално решение на спорот кој Грција го има со нашето Уставно име, треба да

помине на референдум.

Македонскиот народ си го бара тоа што му следува согласно сите меѓународни норми на ООН, да си

го оствари универзалното право на самоопределување што му следува природно, како и на секоја друга

земја членка.

Македонската Алијанса уште еднаш повикува на внимателност во потезите на актуелната Влада во

надворешната политика. Да се потсетиме на лекциите од минатото.

Македонија во различни периоди од независноста до сега покажа огромна конструктивност во

напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со Грција. Македонската Алијанса е

во право кога упорно потсетуваме дека иако направивме огромни отстапки, сменивме знаме, Устав,

потпишавме Времена Спогодба, прифативме срамна привремена референца за членство во ООН,

официјална Атина никогаш не отстапува ни милиметар од својата стратегија со уцени и притисок да го

бараат од нас невозможното.

Бидејќи е јасно дека следи комлициран период за Татковината уште еднаш сакаме да потенцираме

дека сега е моментот да ги прекинеме преговорите за спорот за името. Наивни се оние кои веруваат

дека било која политичка партија која евентуално ќе учествува во обид за обезличување на сопствениот

народ и загрозување на иднината на генерациите Македонци кои доаѓаат, ќе помине неказнето!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

364

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!