05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

26.12.2015

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА БОЖИЌНОТО

ИНТЕРВЈУ НА ГРЧКИОТ ШЕФ НА

ДИЛОМАТИЈАТА НИКОС КОSИАС

ЗА ВЕСНИКОТ „АГОРА“

V

о врска со најновите провокации од нашиот јужен сосед, каде своја улога

повторно имаше Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коsиас, кој

во Божиќно интервју за Грчкиот весник „Агора“, уште еднаш ги обвини

Македонските политичари за иредентизам, Претседателот на Македонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Македонската Алијанса во неколку наврати побара соодветна реакција од

Македонските власти за цела серија скандалозни провокации кои во континуитет доаѓаат од нашиот

јужен сосед. Сметавме и сметаме дека со ваквите постапки, највисоките претставници на официјална

Атина, јавно ја манифестираат својата двојна и лицемерна политика. Од една страна се обидуваат да

покажат лажна конструктивност со таканаречените мерки за доверба, а од друга страна продолжуваат со

својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од Македонија невозможното.

Македонската јавност бара јасен и прецизен одговор - што е вистинската надворешна политика на

Грција? Дали ставот на официјална Атина кон Република Македонија се серијата скандалозните провокации

кои доаѓаат со провокативните изјави на Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос, на министерот за

одбрана Панос Каменос, на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsиас или пак таканаречните мерки за

доверба кои се предлог на Грчкото министерство за надворешни работи?

За жал, одговорот уште еднаш го добивме од самиот Никос Коsиас, кој и во Божиќното интервју за

Грчкиот весник „Агора“, не ја пропушти шансата повторно да ја обвини Македонија за иредентизам,

барајќи флексибилност од наша страна и доследно исполнување на обврските од Времената спогодба.

Каква иронија? Грција за која Меѓународниот Суд во Хаг со пресуда во 2011 година потврди дека токму

официјална Атина ја прекршила Времената спогодба, сега бара од нас доследно почитување на оваа

спогодба од 1995 година. Не, Грција сега треба да покаже дека како земја членка на Европската Унија ќе ја

почитува оваа пресуда и конечно ќе престане да ја блокира Македонија на Европскиот пат.

Ваквото скандалозно однесување на Грчкиот шеф на дипломатијата е директна потврда дека сме било

во право кога инсистиравме на внимателност на иницијативата на официјална Атина да покаже лажна

конструктивност со предлозите за таканаречените мерки за градење доверба.

Нема поголема иронија од обвинувањата на Коsиас за наводен иредентизам од Македонска страна.

Грција со децении, за жал и во 21-от век со своите погрешни политики за негирање на Македонскиот

идентитет, демонстрира средновековен иредентизам, кој не е дозволив за земја која е членка на

Европската Унија.

Ние како Држава мора јасно да ставиме до знаење дека нема да останеме неми на ваквите испади и

провокации кои наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат односите меѓу двете соседни земји.

Македонската Алијанса силно верува дека најголема наша патриотска должност е да продолжиме и

понатаму посветено да се бориме за заштита на вековното, историско име на нашата древна Македонија.

Ние имаме генерациска обврска да застанеме на патот на сите подмолни обиди за оспорување на

Македонскиот идентитет кои се насочени кон загрозување на иднината на Татковината.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

116

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!