05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

19.07.2017

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА

ЗАТВОРЕНАТА КОМИСИСКА РАСПРАВА

ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСКИ

ОДНОСИ СО БУГАРИЈА

V

о врска со вчерашната, затворена за јавност, расправа во Собраниската Комисија за надворешни работи

на која договореното со Бугарската Влада го презентирал Премиерот Зоран Заев, а врз основа на изјавите

на позицијата и опозицијата после комисиската расправа, Претседателот на Македонската Али јанса,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Добро е што конечно ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, како најодговорни Македонски политички партии, седнаа на

маса да разговараат за националните интереси на Македонскиот народ. Не се согласуваме со принципот на

тајност и затвореност, без разлика што Премиерот Зоран Заев, ваквото негово барање го оправдува со тоа дека

Договорот за добрососедски односи се уште е во „нацрт-фаза“. Ако земеме предвид дека се најави дека овој Договор ќе се потпише на

празникот „Илинден“, а до 2-ри август има едвај уште 13 дена, тогаш како новата Влада планира да го исполни своето ветување за широка

дебата? Да не мисли случајно дебатата меѓу експертската и политичката јавност да се одвива откако ќе се потпише Договорот?

Македонската Алијанса ги подржува сите иницијативи за унапредување и градење на добрососедски односи, но тоа мора да

биде на принципиелна основа. Бугарија е наш важен сосед кој прв ја призна Македонија под Уставното име, ја подржува унитарноста

на земјата и дава поддршка на нашите Евроатлански интеграции. Сепак, Македонија и Бугарија имаат отворени прашања кои ги

оптоваруваат нашите билатерални односи со децении.

Бидејќи, Премиерот Зоран Заев, тврди дека Договорот за добрососедски односи со Бугарија, се уше е во нацрт – фаза, Македонската

Алијанса, уште еднаш ги потенцира стратешките точки од кои Македонија не смее да отстапи или да попушти.

Прво, официјална Бугарија до сега оспорува голем дел од Македонската историја, упорно тврдејќи дека ние се китиме со туѓи перја,

директно алудирајќи дека всушност не постои Македонски јазик, туку само и единствено официјален јазик на територијата на Република

Македонија. На пример, Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, пред два месеци, на празникот Свети Кирил

и Методиј, го негираше историскиот факт дека браќата Кирил и Методиј се Македонци кои на Словенските народи им ја овозможија азбуката

и писменоста.

Второ, речиси сите Бугарски власти, со децении спроведуваат негаторска политика, оспорувајќи го постоењето на Македонскиот народ.

Бугарија упорно одбива да го регистрира ОМО Илинден Пирин и покрај сите пресуди на Европскиот Суд за човекови права.

Трето, Бугарија упорно спори дека Македонија има право да се грижи за своите браќа и сестри Македонци, кои живеат надвор од постоечките

граници. Бугарија сака да ја избрише историската меморија за огромната неправда како Букурешкиот Договор, со кој ни е одземена

Пиринска Македонија. Истовремено, со една перфидна политика се обидува да го оспори постоењето на Македонци и во други Држави.

Четврто, Бугарската политика во континуитет инсистира на заедничко славење на историски настани, тврдејќи дека тоа е дел од нашето

заедничко минато, притоа силно притиска за фалсификување на фактите и менување на улогата на Бугарија во одредени временски периоди.

Земајќи го ова предвид, во Договорот за добрососедски односи мора да има јасни симетрични одредби кои недвосмислено

ќе значат дека Бугарија го признава Македонскиот народ, јазик и посебност. Македонија не смее да си дозволи дипломатски

формулации од типот „Македонски официјален јазик согласно Уставот“, туку целосно и формално признавање на Македонскиот

национален идентитет од Бугарска страна.

Договорот мора да предвидува обврска за Бугарските власти да ги испочитуваат меѓународните норми, особено пресудите

на Европскиот суд за човекови права кои ги третираат Македонците кои живеат таму. Ние не можеме да бараме од нашите

меѓународни сојузници да ја спроведат пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг за противправното Грчко вето во Букурешт, ако

самите, во други случаи се откажуваме од меѓународната правда за фундаменталните демократски права на Македонскиот народ.

Во Договорот, Македонија не може да превземе обврска за менување на историските факти. Македонија и Македонскиот народ

за време на Втората светска војна беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради

тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се

и никогаш не биле ист народ.

Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека секоја евентуална согласност за некои спорни одредби од

таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, со кои ќе се оспорува посебноста на нашата Македонска култура,

јазик и идентитет, ќе значи дека самите се откажуваме од нашиот национален идентитет, што ќе ја отвори можноста за официјална

Атина да ни го зададе последниот удар.

Ниту еден политичар или партија не може да прифаќа и да ветува остварување на нешто што не е, и не може да биде

прифатливо за Македонскиот народ. Секој кој ќе тргне контра на ова основно демократско начело, се обиде да стори

велепредавство, ќе мора да сноси одговорност за своите неразумни постапки.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

316

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!