05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 30.07.2015

ПИСМЕН КОМЕНТАР

ЗА АКТУЕЛНАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА

И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ И

ПОСЛЕДИЦИ ВО РЕГИОНОТ

P

ретседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во

врска со актуелната криза кај нашиот јужен сосед, и можноста истата да

влијае на одредени односи во регинот и Европската Унија, го соопштува

следниот коментар:

Македонската Алијанса постојано апелира до сите меѓународни фактори да

престанат да го толерираат неодговорното однесување на политичките елити

на една земја членка на Европската Унија и НАТО Алијансата, како што е Грција. За жал, преголемите

политички концесии и отстапки кои официјална Атина ги добиваше со децении, притоа дрско

злоупотребувајќи ги правата од полноправното членство во ЕУ и НАТО, сега станаа многу сериозна

закана и за регионалните, европските и светските економски текови и долгорочна стабилност.

Без разлика на уцените, заканите и блокадите кои речиси сите Грчки политичари ги спроведуваат

кон Македонија и Македонскиот народ, ние никогаш нема да ја поистоветуваме официјалната политика

на Атина со Грчкиот народ. Ние сочуствуваме со стравот, економската неизвесност и безперспективност

со кој се соочуваат граѓаните кои живеат во Грција.

Растечкото негативно расположение на Грчките граѓани е директна порака до нивните политичари

дека начинот на кој ја водеа државата повеќе не е прифатлив. Популизмот, лажните ветувања и

конструктивност, како во внатрешната политика, така и кон меѓународните организации, сега ја доведоа

Грција на работ на амбисот. Јасно е дека политичките мускули и силење пред Грчките гласачи веќе не

врши работа пред европските и светски лидери. Европската Унија и САД бараат конретни резултати и

отстапки од досегашните нереални политики и ветувања на Грчките политичари.

Грчката политика веќе долго време ги блокира Македонските Евроатлански интеграции, создавајќи

политички ризици за регионалната стабилност, која заради актуелната економска криза, сега се заканува

да влијае негативно и врз нашето стопанство. Единствената пречка за Македонските Евроатлански

интеграции остануваат блокадите и уцените од официјална Атина која со својата ирационална

политика врши притисок за промена на Македонскиот идентитет и име.

Македонската Алијанса искрено верува дека актуелната економска криза во Грција ќе има

силно влијание за промена и на Грчката внатрешна и меѓународна политика, но и врз по тенцијалот

за редефинирање на одредени односи внатре во Европската Унија. Членството во ЕУ и

НАТО носи привилегии, но и огромна одговорност за целокупната стабилност и инклузивност,

и на земјите членки, но и оние кои сакаат да се придружат во овие моќни политички и воени

сојузи.

Грчките политички елити немаат право да играат рулет со својот народ, а уште повеќе не

можат да ја продолжат својата погрешна политика на уцени, блокади и закани кон нашата

Татковина. Република Македонија како и сите останати држави, членки на Обединетите Нации,

треба да го ужива универзалното демократско право на самоопределување.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

69

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!