05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

14.01.2017

Komentar

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА НА

ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС

V

о врска со најновата провокација која доаѓа од Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос,

кој говорејќи пред нивната Академија за одбрана, го повтори ставот дека Македонија

шири иредентизам со инсистирањето на името Македонија што било фалсификување

на историјата и заради тоа нема да има Европска перспектива, Претседателот на Ма кедонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос упорно и со умисла упатува провокации кон

Македонскиот народ. Во изминатиот период испраќаше отровни стрели од Воден, Солун, Костур

кои сведочат за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена со Букурешкиот договор.

Бидејќи Павлопулос тврди дека Македонија била Грчка, еве едно прашање за сите нивни иреденти, националисти и

радикали, ако Македонија навистина била Грчка, зошто нивната асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени

сите топоними во присвоената Егејска Македонија?

Историски признат факт е дека Македонија постоела со сите обележја на Држава многу векови наназад и тоа Павлопулос

и компанија многу добро го знаат, но се плашат да го признаат! Хистеријата на Грчките политички за Македонското прашање

е само доказ дека иредентизмот, непризнавањето на историската вистина, како и непочитувањето на пресудата на

Меѓународниот Суд во Хаг е официјална Грчка политика, која треба да се отфрли како недостојна за една земја членка на ЕУ

и НАТО!

Официјална Атина со новата провокација испраќа порака на останатите наши соседи, кои сакаат да дадат свој придонес

во продлабочувањето на нашата внатрешна политичка криза, дека нема намера да ја препушти регионалната лидерска

улога во оспорувањето на универзалните права на независна и суверена Република Македонија. Во тој контекст треба да се

гледа и најавената посета на Белград од страна на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, која не случајно ќе се реализира после

скандалозната изјава на Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, кој јавно изрази каење што Србија ја признала

Македонија под Уставното име.

Македонската Алијанса која во континуитет реагира на провокациите на Павлопулос, Каменос, Коsиас, Левентис,

и предупредува за лажната слика која официјална Атина се обидува да ја создаде со таканаречените мерки за

градење доверба, уште еднаш го реафирмира повикот адресиран до Македонските политички партии, кои не одложно

мора да изградат консензус за прашањата од национален интерес и веднаш да го соопштат следното:

Прво, на домашната, но и на целата меѓународна јавност, јасно и недвосмислено соопштуваме дека без разлика на

сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината

никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и

идентитет.

Второ, одлучни и единствени ја осудуваме националистичката, иредентистичка и негаторска политика на политичките

претставници на Грција. Еднострано ги замрзнуваме сите разговори за таканаречените мерки за градење доверба, се

додека Грчката Влада не се извини за скандалозните провокации. Нема никаква логика да се создава привид со некакви

мерки за добро соседство, бидејќи е повеќе од јасно дека кај Грчката страна не постои искрена волја за создавање доверба.

Трето, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија

свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ

и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

Единствениот став на Македонските политички партии за стратешките интереси на Македонскиот народ

и Држава е неопходен во овие чувствителни моменти. Само на таков начин ќе се создадат предуслови за

конечното остварување на вековниот сон за обединета, силна и економски просперитетна Татковина!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

246

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!