05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

23.08.2017

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА

ОДЛУКАТА НА СРПСКОТО МНР

V

о врска со одлуката на Министерството за надворешни работи на Република Србија да го

повлече целиот персонал од нивната Амбасада во Република Македонија и сериозните

обвинувања на нивниот Министер Ивица Дачиќ за наводни офанзивни разузнавачки

активности во кои е замешан странски фактор, Претседателот на Македонската Али јанса,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Поминаа 48 часа од дипломатската бомба која врз Македонија ја фрли целиот политички

естаблишмент на Србија, а јавноста се уште не доби никакви аргументи и докази кои би ги поткрепиле многу сериозните

обвинувања на Српските власти. Единствено, Ивица Дачиќ во неговиот познат стил дава храна на медиумите и се

разбира вообичаено официјална Атина се вклучува во приказната изразувајќи наводна загриженост за затегнатите

односи на релација Скопје – Белград. Владата на Зоран Заев и Никола Димитров се обидува да шири смиреност и како

да се надева дека оваа бура ќе заврши по онаа народната „секое чудо за три дена“.

Македонската Алијанса смета дека Претседателот и Владата на Република Македонија треба јасно да стават до

знаење дека нема да дозволат никој да не вовлекува во туѓи билатерални спорови, како што нема да дозволиме

да бидеме злоупотребени за туѓи цели. Татковината избра уште пред 25 години дека нашиот стратешки колосек е

полноправното членство во ЕУ и НАТО. Македонскиот народ е убеден дека тоа е вистинскиот пат за нашата сигурна

иднина и затоа од тоа застранување нема и не може да има.

Македонија од секогаш инвестирала во добри соседски односи, особено со Србија и Српскиот народ. Ние имаме

разбирање за ставот на нивната Влада за некаква неутралност кон НАТО, како што сме исто така целосно свесни

за нивната чувствителност за прашањето за Косово. Но, дали оваа Српска Влада се однесува кон Македонија со

соодветниот реципроцитет и дипломатска принципиелност?

Истиот Ивица Дачиќ на 12 јули, ден пред одржувањето на фамозната трилатерална средба во Солун, каде не беше

поканета Македонија, изрази каење што Србија ја признала Македонија под Уставното име. И покрај нашиот јавен

повик, Ѓорѓе Иванов и Зоран Заев овој скандал го премолчија, а Никола Димитров благо реагираше на твитер.

Во пресрет на „Илинден“ Владата на Србија повторно не дозволи наша делегација да го посети манастирот во

„Прохор Пчински“ префрлувајќи ја топката во СПЦ. И тогаш Македонската Алијанса побара од Македонските власти

да реагираат. Не може Србија кога и одговора во Македонија на Зебрњак кај Куманово да слави 100 годишнина од

Кумановската битка, кога со пари на Македонските граѓани беа уредени спомен костурницата на паднатите Српски

војници и сувенирницата во 2012, ние да сме им добри соседи и братски народ, а коа ние ја славиме нашата историја да

тераат инает.

Владата на Република Македонија мора да биде внимателна во надворешната политика кон сите соседи. Ние не

може и не смее да играме ниту за Бугарија, ниту за Албанија, ниту за Косово, ниту за Србија, ние треба да играме само за

нас и за остварување на нашите стратешки национални интереси!

Затоа, ако случајно некој во Владата е „кабает“ тогаш нека си понесе одговорност или нека образложи зошто

евентуално презел одредени безбедносни чекори. Во спротивно, ние не можеме да затвораме очи на она што е

очигледно. Претседателот Ѓорѓе Иванов и Премиерот Зоран Заев мораат од своите колеги Александар Вучиќ и Ана

Брнабиќведнаш да побараат јасен и прецизен став дали Србија ја менува својата политика кон Македонија. Дали некој

се обидува да ја злоупотреби Македонија? Македонските граѓани и јавност не може да живее во грч или да шпекулираат

што е вистинската причина за нервозата во Белград, што само непотребно внесува зла крв меѓу двата соседски народа.

Конечно, бидејќи стратешки интерес на нашите меѓународни сојузници е стабилизацијата на регионот, тогаш треба

да се освестат и експресно да обезбедат спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што Македонија

веднаш ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

334

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!