05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

31.10.2017

Komentar

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА НА

НОВИТЕ ГРЧКИ ПРОВОКАЦИИ

V

о врска со последните провокации од Грчка страна, Претседателот на Македонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Зголемените очекувања за брзо решение на повеќе деценискиот спор за името ја зголеми

фреквенцијата на провокации од речиси целата Грчка политичка елита. Сите, во нивните

обраќања и јавни настапи се тркаат кој ќе биде порадикален во уцените и барањата кој се

упатуваат кон Македонскиот народ. Ултранационалистот во Владата на Алексис Ципрас,

неговиот Министер за одбрана и лидер на партијата “Независни Грци”, Панос Каменос, јавно повика на лидерска средба

кај Грчкиот Претседател, Прокопис Павлопулос, да се договори референдум на кој Грчкиот народ ќе одлучи дали во

“новото име” треба да ја има Македонија. Паралелно, Никос Коѕиас повторно најавува некаков “Комитет” кој треба да ги

чисти Македонските учебници по историја од наводниот иредентизам бидејќи Тој е убеден дека сме избрале “погрешен

кум”, а сме добиле дар од Бога. Грчката армија го прослави својот национален празник со парада по улиците во Солун

скандирајќи „Александре разбуди се и дојди да видиш! Името го крадат на твојата света земја“. Едноставно, сите

политичко-општествени чинители во Грција се мобилизирани во намерата да го обезличат Македонскиот народ!

И, додека официјална Атина се подготвува за тоа што следи нашите најодговорни политичари се преокупирани со

нивните теснопартиски интереси!

Односот на јужниот сосед ни е сосема познат и крајно неодговорен, но не ја разбираме позицијата на актуелната

Влада во Македонија, која се однесува како боксерска вреќа која само прима удари, а не сака или не смее да возврати!

Ширењето на ксенофобија е позната Грчка алатка за зацврстување на нивните политички ставови и црвени линии.

Замислете, Каменос иницира референдум во Грција, кога буквално цела нивна позиција и опозиција е против нашиот

став, за секое евентуално компромисно решение да се изјасни Македонскиот народ. Апсурд до апсурд, а Македонските

власти упорно молчат!

Што прави актуелната Влада во Македонија на темата? Зарем во таа зграда нема некој кој ќе ги посоветува

Владините функционери дека е сосема понижувачки да се продолжува со сервилната надворешна политика со

која потврдуваме дека чекаме некој друг да ја решава нашата судбина, а ние само да потпишеме капитулација?

Зарем ќе дозволиме Грчкиот Министер за одбрана кој изјавува дека „една и единствена Македонија е Грчката

Македонија“ да влијае на црвените Грчки линии без ниеден претставник на Владата на Зоран Заев да чувствува

потреба да реагира и да се спротистави?

Додека јужниот сосед системски и лукаво ги гради нивните ставови и гради цврст национален консенсуз за

нивните закани и условувања кон Македонската страна ние се занимаваме со резултатите од локалните избори.

Разбудете се браќа и сестри! Додека ние меѓусебно се занимаваме со внатрешните прашања некој ќе ни ја

скрои судбината!

Македонската Алијанса упатува апел, Претседателот Ѓорѓе Иванов веднаш да организира лидерска средба

на оваа тема од која треба да излезат единствени ставови за нашата национална иднина! Ова не е прашање

кое треба набрзина да се реши за да се тргне од нечија агенда, туку прашање од највисок национален интерес

кое не може да го решава ниту една политичка партија или коалиција, која нема таков мандат, бидејќи само

Македонскиот народ е суверен по ова прашање. Сега е моментот да се прекинат преговорите за името, пред да

стане предоцна и самите да паднеме до крај во замката која подолг период му се подготвува на Македонскиот

народ!

Немојте да дозволите да ни ја разјадат Татковината и да ни го одземат светото Македонско име и идентитет!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

368

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!