05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 13.11.2016

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

НАЈНОВАТА ПРОВОКАЦИЈА ОД

ГРЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРОКОПИС

ПАВЛОПУЛОС ОД КОСТУР

V

о

врска со најновата провокација на Грчкиот Претседател, Прокопис Павлопулос, кој

од Костур, каде бил прогласен за почесен граѓанин, користејќи ја истата потценувачка

и иредентистичка реторика кон Татковината, повторил дека според него Македонија е

Грчка, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упа тува

следната реакција:

Нема никакво сомнение дека серијата подмолни провокации на Павлопулос се дел

од смислена стратегија на официјална Атина. Јасно е дека Општините во Егејска Македонија се принудени

да го прогласуваат Павлопулос за почесен граѓанин за да тој во Македонските градови кои се симбол за

историската неправда како Букурешкиот договор, ја користи приликата да фрла отров кон Македонија и

Македонскиот народ.

Оваа најнова иредентистичка кампања на Грчкиот Претседател почна во јули од Кавала кога се

одбележуваше 103 години од присвојувањето на Егејска Македонија, па во Воден, пред десетина дена во

Солун, вчера продолжи во Костур каде Павлопулос свесно и со умисла провоцира и си поигрува со чувствата

на Македонскиот народ, инвестирајќи во влошување на билатералните односи.

Ова е уште една потврда дека ние од Македонската Алијанса сме во право кога во континуитет тврдиме

дека таканаречените мерки за градење доверба на Коsиас се лажни и без вистинска волја од официјална

Атина.

Македонската Алијанса му порачува на Павлопулос, може колку сакате да се занесувате и да користите

злобна реторика, но Македонија никогаш ниту била, ниту ќе биде Грчка!

Најдобро за Прокопис Павлопулос, Панос Каменос и Никос Коsиас конечно да се отрезнат и да сфатат дека

за Македонското име и идентитет преговори нема и нема да има!

Вжештените глави кај нашиот јужен сосед избрале тотално погрешна стратегија! Секоја нова закана од

Грчка страна придонесува за зголемување на бројот на наши меѓународни сојузници кои се повеќе стануваат

свесни за вистината дека Грчките политички елити веќе со децении неправедно ја блокираат Македонија, што

е потврдено и со пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг.

Грчките иредентистички политики се уште повеќе загрозени со историски голема победа на Доналд Трамп

на Претседателските избори во САД. Неговиот советник Марк Барнс уште од сега во интервју за ТВ СОНЦЕ

јасно става до знаење дека новоизбраниот Претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја заштити Македонија и ќе

се спротистави на сите ирационални барања за промена на светото Македонско име и идентитет. Тој порачува,

цитирам: „никој не смее да Ви го смени името и идентитетот затоа што Вие сте родени како Македонци и ќе

продолжите да живеете и да се именувате така“. Појасно и подиректно од ова здравје!

Ја користам приликата, уште еднаш да ги повикам лидерите на сите политички партии во Татковината,

веднаш одлучно и единствено да ја осудат националистичката, иредентистичка и негаторска политика на

официјална Атина. Треба сите заедно да соопштиме дека ги замрзнуваме сите разговори за таканаречените

мерки за градење доверба се додека Грчката Влада на Алексис Ципрас не се извини за провокациите.

Само со ваков високо патриотски чин и потег за одбрана на Македонска чест и достоинство, токму пред

почетокот на предизборната кампања, за ова многу чувствително прашање за Татковината ќе покажеме општо

национално единство и ќе пратиме јасна порака - ниту една политичка партија нема да дозволи официјална

Атина да си поигрува со чувствата на Македонскиот народ и ниту еден лидер или политичар во Татковината

нема да преговара за најсветото Македонско име и идентитет!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

227

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!